Огранокот на Tesla во Кина, непосредно пред преоѓањето во новата година, ја отвори најголемата станица на компанијата со брзи полначи за електрични автомобили во светски рамки.
Станицата со полначи, којашто според првите објавени фотографии личи повеќе како паркиралиште резервирано за Tesla, лоцирана е во строгиот центар на Шангај. Калифорниската компанија уште лани во јуни најави дека ќе започне со масивно проширување на својата мрежа од полначи во Кина. Целта беше до крајот на годината да се постават 4.000 нови полначи, т.н. суперчарџери.
На крајот на ноември беше одбележано пуштањето во работа на 500-та станица со брзи полначи на Tesla во Кина. Само во последниот месец од годината проработеа уште 150 станици низ целата територија на земјата. Официјални податоци околу вкупниот број на полначи недостигаат, меѓутоа не треба да има сомнежи дека и овој амбициозен план е исполнет.
Првиот Суперчарџер во Кина почна со работа во 2014 година во Шангај. Во градот моментно работат 75 станици со брзи полначи, една од нив е најголема во мрежата на Tesla во светски рамки.
Отворањето на супер-станицата се совпаѓа со почетокот на испораката на Tesla Model Y од локално производство. Според процените, во Кина досега се продадени повеќе од 150.000 автомобили Tesla, со што таа е втор најголем пазар за марката во светот, по САД со околу 205.000 примероци. Доколку се гледа само продажбата на Tesla Model 3, тогаш Кина е светски лидер, со приближно 50.000 повеќе примероци од моделот отколку во САД.
World’s Largest Tesla Supercharger Station just opened in Downtown Shanghai, China 🇨🇳 with a whopping 72 Stall. Congrats @elonmusk @teslacn [VIDEO]#Tesla #TeslaChina #China #Supercharger #特斯拉 #中国 $TSLA pic.twitter.com/955CpSpSMP
— Jay in Shanghai 电动 Jay 🇨🇳 (@JayinShanghai) December 31, 2020
>>> Brabus има и пакети за тјунирање на Tesla Model 3

















