На кого да му се верува кога треба да се направи тјунинг на електричен автомобил? Секако на најдобрата можна адреса што се занимавала со тјунинг и досега, со „обични“ автомобили. На пример, на Brabus, топ-тјунерот на Mercedes, кој има посебно одделение што додава ексклузивна нота на моделите на Tesla.
Со повеќе од 40-годишно искуство во тјунирањето V8 и V12 мотори, Brabus сака да биде прва адреса и кога станува збор за електричните автомобили. Тоа е специјалност на одделението Startech, коешто има богата понуда за Tesla Model 3. Понудата на фирмата од германскиот Ботроп опфаќа спојлери со спортски стил, тркала од 20 инчи, спортски пружини и посебни додатоци за кабината.
Со помош на најмодерна 3D Scan & CAD технологија се изработени аеро-компоненти што одговараат совршено за каросеријата на Tesla. Деловите се изработени од полипропилен со врвен квалитет што е вообичаен за Startech.
Китот за предниот дел се состои од комплетно нов преден браник со спортски изглед, со инспирација од формула 1. Секако дека во браникот има место и за сите сензори што се потребни за полуавтоматското возење и за паркирање. Спојлерот го смалува подигнувањето на предната оска при високи брзини, но воедно придонесува и за подобрување на аеродинамичноста.
https://photos.app.goo.gl/8X3afLEC3nxjGZRL6
Истото важи и за задниот браник, кој дополнително добива и дифузор, во вистински тркачки стил. За да се постигне оптимален баланс, додаден е триделен заден спојлер, што продолжува и странично. Проширувањата за праговите ја комплетираат страничната силуета, заедно со капи за ретровизорите со изглед на карбон
По посебно барање се изведува „бришење хром“, при што со специјална постапка се нанесува црн слој на рамките на прозорците и хромираните рачки на вратите се лакираат во боја на каросеријата.
https://photos.app.goo.gl/kVXKVNo3fCBmdVVWA
Во предните крила вртат тркала 9Jx20 со гуми 245/35 ZR 20, а назад за тракција се грижат гуми 285/30 ZR 20. Секако дека следи и кит за спуштање на каросериајта за 30 mm за изведбите со погон на сите тркала, односно за 40 mm кај верзиите со заден погон.
https://photos.app.goo.gl/ygGxoNtZiyqubtUW8
















