за

Kia Sportage во посебна изведба Black Edition

Бестселерот на Kia во локални и глобални рамки, светот досега го има видено во најразлични изведби. За Kia, тоа значи дека е време за нова изведба на Sportage.

kia sportage black edition

Новата серија ќе се изработи во ограничен број примероци, со каросериски додатоци лакирани во црна боја и со нова маска. Kia Sportage Black Edition пречекува со кожени седишта, премиум аудио и пристап до онлајн-услуги преку UVO Connect. Стаклен покрив го заокружува пакетот. Погонот е стандард: 1.6 T-GDi со и 177 КС и менувач со двојна спојка DCT7.

Black Edition е најновата изведба на суперселерот Kia Sportage. Ова е првпат изведба „Black да биде достапна во Европа. Моделот се препознава по посебната маска во црна боја, како и по магленките, носачите за багаж на покрив и тркалата од 17 инчи што исто така се лакирани црно.

Амблемот Kia е заменет со нов во црна боја, а натписот Sportage е заменет со раздвоено поставени букви во сјајна црна боја во средината на задниот поклопец. За бојата на каросеријата на Black Edition стојат на располагање седум опции: Pearl Black, Deluxe White, Infra Red, Lunar Silver, Blue Flame, Casa White и Dark Penta Metal.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Црната боја доминира и во кабината, но тоа што вистински ќе импресионира е нивото на опременост. Како пример за тоа, само еден дел од ставките: Автоматски заден поклопец, диодни предни светла, озвучување JBL, стаклен покрив, автоматски клима уред и греење на сите седишта.

Голем број онлајн-услуги преку системот UVO Connect од 2-ра генерација

Новиот инфо-забавен систем со дисплеј од 8 инчи и UVO Connect од 2-ра генерација нуди низа онлајн-услуги, почнувајќи од актуелни сообраќајни вести, временска прогноза, цени на горива и цена, локација и достапност на места за паркирање. Новина во навигацијата е во тоа што информациите се обновуваат во реално време. Од системи за асистенција, сé е на број, почнувајќи од активно следење лента, автоматско долго светло, камера за знаци и предупредување при замор.

Kia ќе започне со испорака на новата серија Black Edition од Sportage на најголемите европски пазари во средината на февруари. Нема да биде изненадување моделот да се појави и во салонот на Киа Моторс Македонија. Слична серија во салонот претходно беше Platinum Edition од стилскиот кросовер XCeed.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Kia Rio со најдобра противвредност од втора рака според Vincentric

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Startech Tesla Model 3 tuning

Brabus има и пакети за тјунирање на Tesla Model 3

toyota c-plus-pod

Toyota вели дека е време за C+pod