Kia Rio со најдобра противвредност од втора рака според Vincentric

Kia Rio со најдобра противвредност од втора рака според Vincentric

Спортскиот компакт Kia Rio доби награда за „Best Certified Pre-Owned Value in America”, односно за највреден избор на користен автомобил во градската класа според американската организација Vincentric.

Со вкупни трошоци што се пониски за 2,8 проценти од очекуваните трошоци за автомобил од градската класа, Kia Rio се покажа подостапен за поседување од седум конкуренти во класата. Шон Јун, претседател и извршен директор на Kia Motors America, го коментира триумфот: „Rio е одликуван со титулата за ‘Најдобра противвредност на користен автомобил во Америка’ во вреднувањето на победничкиот дух ‘Give It Everything’“. Според шефот на марката на големиот пазар, посветеноста на Kia да произведува издржливи и иновативни возила, кои прават и задоволство во возењето, придонесуваат возилата на Kia да го издржат тестот на времето.

Vincentric е водечка аналитичка компанија за пресметување на трошоците за поседување во автомобилската бранша. Во анализата се разгледувани повеќе од 15.000 конфигурации на возила, раководејќи се според осум клучни мерила: Амортизација на вредност, даноци и давачки, финансирање, гориво, одржување, осигурување, релативна противвредност и поправки. Трошоците се пресметуваа за 25.000 километри годишно, за период од пет години.

Во програмата за откуп на користени возила во мрежата на Kia Motors America се прифаќаат единствено возила на Kia што се стари до пет години и имаат помалку од 100.000 километри. Пред да бидат испорачани на новиот сопственик, возилата подлежат на темелна проверка на квалитетот во 164 точки од страна на овластени техничари на Kia.

>>> Четири модели на Kia се „Најдобар избор“ според Consumer Guide

Претходна објаваVolkswagen Tiguan со приклучен хибрид и 50 km досег
Следна објаваКросоверот Lexus UX беше на усовршување за 2021 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here