за

Toyota вели дека е време за C+pod

Toyota C+pod е двосед со погон на струја и цена од околу 13.500 евра, засега достапeн само за компании и владини институции.

toyota c-plus-pod

Во Тојота Сити денес започнува со продажба микро-автомобилот со електричен погон Toyota C+pod, коешто во ограничена серија ќе им биде достапно на компаниите, на локалните власти и други организации што се залагаат за омасовување на погонот на струја.

C+pod е двосед со погон што не ја загадува животната средина, замислен како возило за службени лица што често ги посетуваат корисниците и за корисници во урбани или планински средини, кои имаат потреба од безбедно и чисто возило за коешто нема ограничувања за пристап во заштитени еколошки зони.

На домашниот пазар, Toyota се посветува на три видови електрични возила: C+pod, возила со пристап во пешачка зона (Walking Area BEV) и прочуениот трицикл Toyota i-Road, што во свијоци се наведнува како мотоцикл. Повеќе од 200 компании и институции на локалната власт соработуваат со Toyota во промовирањето на електричниот погон.

Во исто време со стартот на C+pod, јапонскиот гигант воведува и услуга на Toyota Green Charge, којашто на компаниите што се заинтересирани за електричен погон им ги нуди сите услуги на едно место, почнувајќи уште од поставувањето полначи за еко-струја за електричните возила.

Производството на C+pod ќе се одвива во Мотомачи, цената за возилото со електромотор за задната оска и литиум јон батерија изнесува 1.650.000 јени, односно околу 13.000 евра.

Димензиите се 2.490 x 1.290 x 1.550 mm (Д x Ш x В), а кругот на вртење е 7,8 метри. Тоа се два метри помалку во споредба со Yaris и другите возила од неговата класа, што придонесува многу за подвижноста во мал простор и при паркирање. Батеријата е поставена ниско во подот под седиштата. Независната суспензија и крутата, лесна каросерија, обезбедуваат комфорно и стабилно возење во сите услови. Реалниот досег со едно полнење изнесува 150 километри.

За полнење на батеријата може да се користи обичен домашен приклучок за струја или мрежа од 4.200 станици за полнење во кругот на дилерите на Toyota, односно јавна мрежа од 10.800 полначи за струја ширум Јапонија. C+Pod располага и со надворешен приклучок за струја, кој овозможува батеријата да ја користат надворешни потрошувачи. Тоа може да биде корисно во случај на природна катастрофа. Електричниот двосед може да служи како извор на струја во времетраење до 10 часови, при приклучување потрошувачи со дневна потрошувачка од 10 kWh, за домаќинство што во просек троши 400 вати на час.

Возилото е препознатливо во уличната слика и по предните и задните светла со диодна техника и посебна графика на осветлување. Школката е црна, а на неа се прицврстуваат пластичните панели кои се нудат во пет двобојни комбинации, односно во три трибојни комбинации.

Безбедноста е на највисоко ниво и во малечкиот двосед на Toyota. Електромобилот тежок 670 килограми располага со самостојно запирање при опасност од удар во возило, пешак или велосипедист.

Технички податоци

  • Максимална моќност на електромотор 9,2 kW
  • Максимален вртежен момент 56 Nm
  • Капацитет на батерија 51 Ah
  • Вкупен напон 177,6 V
  • Вкупен капацитет на батерија 9,06 kWh
  • Досег 150 kg
  • Потрошувачка 54 Wh/km
  • Времетраење на полнење на обичен приклучок за струја 5 часови
  • Крајна брзина 60 km/h
  • Тркала 155/70R13 75S

>>> И теренска приколка може да биде Toyota

И теренска приколка може да биде Toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia sportage black edition

Kia Sportage во посебна изведба Black Edition

мотоцентар специјална олимпијада 20

Мотоцентар традиционално со пријателите од Специјалната Олимпијада