Toyota меѓу другото е прочуена и по способните автомобили за теренско возење. Единствено што би можело да недостига е исто толку способна приколка. Американскиот огранок ја разви TRD Sport Trailer, концепт на приколка по пример на базен камп, наменет за пасионираните авантуристи.
Долгите излети во дивина, далеку од големите градови, во предизвикувачката 2020 година ја доживеаја својата кулминација. Во американската Toyota решија да дадат свој придонес за овие авантуристички излети и го развија TRD Sport Trailer.
Како основа се користи товарната платформа од пикапот Tacoma, којашто се одликува со силна конструкција, нуди изобилство од простор и подготвена е за соочување со екстреми. Целта беше просторот да се искористи максимално, но и да има доволно комоција, а во исто време да се задржи ниското тежиште и големото растојание од подлогата.
Суштинскиот талент на TRD Sport Trailer е во поклопецот што се подигнува право нагоре за околу еден метар, со помош на „ножица“ механизам. Во приборот спаѓаат шатор Yakima за четири лица. На располагање стои и посебно изработен тоалет, плус корпа за отпадоци. Ладилник не недостига, исто како и грејач за вода, туш со завеса, генератор, батерија Optima Yellow Top, резерва од 16 галони питка вода, подвижен мијалник и печка. А, во Toyota велат дека тоа е само почеток.
Супер-приколката располага со сиот замислив прибор, од држачи за рибарски трски и мрежа, длабоки чизми, до шољи за кафе и прибор за готвење. Осветлувањето на просторот на „базата“ е задача на неколку диодни светилки, кои се ефикасни, а не трошат енергија. Постои и дополнително осветлување, коешто е со помал интензитет и наменето е за подолг период на работа. Тркалата TRD Pro имаат гуми General Grabber X3 285/70/17.
Според американскиот огранок на Toyota со седиште во Тексас, TRD Sport Trailer претставува мулти-алатка што совршено се надополнува со понудата од пикапи и СУВ-модели на Toyota. Околу тоа, од македонската Toyota би се надоврзале со нивниот свежо пристигнат контингент од новиот теренски класичар: Land Cruiser е теренско возило што ќе ве однесе најдалеку – но и ќе ве врати оттаму.
https://photos.app.goo.gl/uKqPjF8DXRhwdQ9q8
https://photos.app.goo.gl/YYZvCZ8Nn7YyAg6D8
https://photos.app.goo.gl/HDpwQ8RwswADPE2P7
https://photos.app.goo.gl/qQaaqCPeJ8dPBiu86
https://photos.app.goo.gl/7vQpDcJ1LhDaDJCcA
https://photos.app.goo.gl/VxwqdFXkmKivj8Dz8
>>> По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

















