Марката со сребрената ѕвезда ќе ја почне 2021 година со ново поглавје во начинот на ракување со возилата. Mercedes ја најавува премиерата на MBUX Hyperscreen за 7-ми јануари
Засега сé е воопштено околу премиерата. Се ветува сосем нов начин на ракување и прикажување на функциите за инфо-забава, за комфор и за самото возило. Тоа се овозможува со примена на вештачка интелигенција.
Главниот печат го става големиот и заоблен дисплеј, со графика каква што досега не е видена. Тоа важи и за димензиите. Заоблениот дисплеј ќе се протега по целата ширина на кабината. Новото дигитално искуство при ракувањето ќе им посредува сосем ново емотивно доживување на возачот и совозачот. Воопштено звучи и најавата дека ракувањето со системот ќе биде едноставно и интуитивно.
Најавата многу личи на сериска реализација на кокпитот од дизајнерската студија Vison AVTR
https://photos.app.goo.gl/qrhV1iDXGxFu8i2B6
https://photos.app.goo.gl/b8HGUtKnGJLv3cma9
https://photos.app.goo.gl/xhm32GEbCnv67RW9A
https://photos.app.goo.gl/cWwvPruRZkzu2EoQA
MBUX Hyperscreen првпат ќе се понуди како опција во комплетно електричната лимузина од високата класа EQS, којашто е пандан на S-Class. Големиот дисплеј верно ќе го претставува целото возило, коешто располага со емотивна интелигенција и способно е да учи.
Светската премиера на MBUX Hyperscreen ќе го најави дигиталното срце на врвниот модел на Mercedes-EQ, на прогресивната луксузна лимузина EQS. Настанот почнува на 7-ми јануари 2021 година, во 14 часот. Од истиот ќе биде достапна и целосна снимка.
Mercedes-Benz со својот MBUX Hyperscreen ќе присуствува и на изданието на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, што првпат се одржува исклучиво во дигитална форма.
>>> Mercedes AVTR е колата што светот досега ја немаше ниту замислено

















