за

Škoda Fabia се подготви за новата рели-сезона

Шампионската Škoda Fabia доби подобрувања за следната сезона што влијаат врз перформансите, управливоста, издржливоста, безбедноста, па и врз комфорот.

Škoda Fabia се подготви за новата рели-сезона

Одделението за мотоспорт на Škoda воведе нови подобрувања во Fabia Rally2 evo, по освојувањето на првенството во рели во својата класа. Новите компоненти ќе бидат достапни за приватните тимови од 4-ти јануари 2021, пред традиционалниот почеток на сезоната со Рели Монте Карло (21-ви до 24-ти јануари 2021).

Во мотоспортот постои челично правило. Мирувањето во место е назадување. Тоа убаво го знаат во Škoda Motorsport, каде што шампионската Škoda Fabia Rally2 evo доби неколку освежувања за новата сезона. Во китот за подобрување на перформансите спаѓаат ново мапирање на 1,6-литарскиот мотор, како и преработен интеркулер и издувна гранка. Меѓи придобивките спаѓа и зголемување на моќноста за 2 киловати, значи дека моќноста сега достигнува 291 КС, зависно од горивото.

Достапен е пренос со подолг преносен однос, што одговара за рели патеки со голем удел на делници што се возат со висока брзина. Крајната брзина на Škoda Fabia Rally2 evo со тоа се зголемува од 187 на 202 километри на час. Хомологиран е трет диференцијал (48/70), што може да се користи и за земјена и за асфалтна патека. Нови амортизери ZF овозможуваат уште подобра тракција и стабилност на сите видови подлоги.

При развојот на новите хомологирани компоненти беше ставен нагласок и на издржливоста. Помошната рамка за задната оска е зајакната, а специјалниот систем за ладење на задните дискови, што досега се користеше само на асфалт, сега е достапен и за земја.

Подобрен е распоредот на копчињата на воланот, кои може да бидат вкупно осум. Промените се направени за тие да бидат полесно достапни. Преправки има дури и во држачот за дигалка, за таа да му биде полесно достапна на совозачот кога ќе се дупне гума.

Škoda Fabia Rally2 evo досега има победено 1.255 пати во својата категорија, а нејзините екипажи се качиле на подиум 2.948 пати. Спортското одделение на Škoda има продадено 372 примероци од Fabia во рели издание. Со автомобилот со хомологација за Rally2 се натпреваруваат 132 тимови во 65 држави, на интернационално, регионално и национално ниво. Во последната сезона, тимот Toksport WRT ја освои титулата на првак во конкуренција на производители/тимови во категоријата WRC2.

>>> Skoda пред 70 години возеше на 24 часа Леман

Skoda пред 70 години возеше на 24 часа Леман

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes најавува џиновски заоблен дисплеј во електричниот EQS

Целиот кокпит на електричниот Mercedes EQS ќе биде џиновски заоблен дисплеј

Животната приказна на Lexus Создавањето на луксузната марка на Toyota

Животната приказна на Lexus: Создавањето на луксузната марка на Toyota