за

Кои автомобилски марки изгубија, а кои добија во 2020?

До претпоследниот месец од годината, европскиот пазар на нови автомобили е во кусок од преку три милиони возила. Тоа е за една четвртина помалку во споредба со лани.

Во криза се купува мудро, Toyota со 715.000 возила до септември

Автомобилската бранша се соочи со тешки предизвици во корона-годината, со еден од најсилните удари врз производството и продажбата воопшто во нејзината историја. Во продажбата во претпоследниот месец нема отстапки од досегашниот тек на годината. Меѓутоа, прашањето е: Дали сите марки се подеднакво погодени од кризата?

Како и во секоја криза, и во оваа предизвикувачка 2020 година, има добитници и губитници во автомобилската бранша. Генерално, додека целиот пазар опаѓаше, како последица од корона-кризата, се развиваше еден позитивен тренд. Електричните автомобили, вклучувајќи ги чистите хибриди, приклучните и благите хибриди, „батериските“ автомобили, годинава напредуваа повеќе отколку што можеа да се надеваат и најголемите оптимисти.

Секако дека трендот не е случаен, туку и тој во одредена мера е „произведен“ . Голем број држави под удар на корона-кризата излегоа со масивни субвенции за електричните автомобили. Но, тоа не беа кои било држави, туку беа првенствено големите производители на автомобили. Поттикнувањето на продажбата на чисти автомобили, тоа сега е сосем јасно, имаше за главна цел да го поттикне производството на автомобили. Браншата на четири тркала им носи многу пари на државите производители на автомобили, и доколку се дозволеше падот на индустријата да биде уште поголем, тоа ќе повлечеше и многу посериозни социјални последици. Целата Унија беше солидарна во тој поглед.

На државите што се големи производители на автомобили им беше важно да се воведат масивни субвенции заради задржување на економијата

Браншата е „спасена“, исто колку што е спасена и европската економија. Но, тоа ќе биде предмет на анализа на стручни и вешти институции од светски ранг, кои е сосем извесно дека наскоро ќе откријат веродостојни статистики и заклучоци за ефектите од корона-кризата врз браншата.

Во ноември, во ЕУ се продале 897.692 автомобили или за 12,0% помалку од истиот месец лани. Целиот автомобилски пазар до ноември е во пад од 25,5% со близу 9 милиони возила. Тоа значи дека пазарот се скусил за повеќе од три милиони возила. По држави, најголем пад во продажбата годинава има Шпанија (-35.3%), по неа следат Италија (-29.0%), Франција (-26.9%) и Германија (-21.6%).

Европејците во 2020 година купуваа возила што им вредат најмногу за парите и возила што се сигурна инвестиција; Експерименти изостанаа

Но, кои се марките што добија, а кои марки изгубија додека го пробиваа својот бизнис во тешката година? Победниците се очигледни: Toyota, Skoda, Kia, Volvo, Mercedes, Mini, Lexus. Тоа се марките што имале најмал пад во продажбата годинава. Од една страна, тука се т.н. големоволуменски марки, како Toyota (-15,4%), Kia (17,6%) или Skoda (-17,3%). Причината зошто продажбата на овие марки остана повеќе имуна на кризата, лежи во самата природа на нивниот пазарен настап. Овие марки „продаваат“ противвредност, односно купувачите ценат дека возилата вредат за парите. А, возилата во овие кризни времиња треба навистина да вредат. Тоа подразбира и квалитет и услуга, автомобил сепак не се купува секоја година. Уште една причина зошто Toyota издржа толку силно е во масивната побарувачка на возила со хибриден погон. На возачките и возачите им стана уште повредно, нивниот нов автомобил да биде штедлив. Плус, чист кон животната средина.

Porsche 911 ќе добие хибриден погон за новата топ-изведба

Од друга страна, победници се и премиум марките, Mercedes, BMW, Audi, Lexus, Volvo, Lexus, Porsche. Нивните купувачи едноставно сакаат сигурна инвестиција. Експерименти со марки кои божем само што не е издигнале со најновото технолошко чудо во нивното моделско портфолио, не беа интересни годинава. Mazda, Jaguar, Honda, Alfa Romeo, сите ја изгубија пазарната трка.

Секако дека има „жртви“ и меѓу големоволуменските марки. Тоа важи најмногу за Opel, со катастрофални -43,2% во првите единаесет месеци од годинава, а следaт Ford (-32,4%) и Citroen (-31,2%). Конкретно за падот на Opel. Додека во ноември лани, германската, а сега француска марка (како дел од Peugeot SA), била на шестото место на најпродавани марки во Европа, годинава таа се наоѓа само на десетото место. Дури и премиум марката Audi продава повеќе од „народската“ марка Opel.

Следниве марки ги смениле своите позиции во 2020 година во споредба со лани:

Марки што напредувале за 3 местa во продажбата во 2020 година:

  • Kia (13)
  • Lexus (26)

Марки што напредувале за 2 местa во продажбата во 2020 година:

  • BMW (5)
  • Toyota (7)
  • DS (29)

Марки што напредувале за 1 место во продажбата во 2020 година:

  • Mercedes (4)
  • Audi (9)
  • Mini (20)
  • Porsche (25)

Марки што назадувале за 1 местo во продажбата во 2020 година:

  • Seat (16)
  • Mazda (19)

Марки што назадувале за 2 места во продажбата во 2020 година:

  • Ford (6)
  • Dacia (15)

Маркa што назадувалa за 4 места во продажбата во 2020 година:

  • Opel (10)

Маркa што назадувалa за 6 местa во продажбата во 2020 година:

  • Smart (31)

Во заградите е наведена позицијата на одделните марки во продажбата на нови автомобили на пазарот во Европа годинава.

Продажба на автомобили во ЕУ до ноември 2020 година

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

И теренска приколка може да биде Toyota

И теренска приколка може да биде Toyota