Прекинот во производството што се случи пролетоска, предизвика само мал пад на вкупниот пазар на автомобили во Кина за минатата година.
Кинескиот автомобилски пазар забележа раст и во декември, иако во поблаг обем од претходно. Во минатиот месец, продажбата на нови автомобили според првичните и непотврдени податоци се зголемила за 5,4 проценти, на вкупно 2,8 милиони возила.
Во последните неколку месеци, пазарот во земјата бележеше двоцифрен раст. Гледано во годишни рамки, вкупната продажба за 12 месеци се намалила за 1,2 процент, на 25,3 милиони возила, поради прекинот на производството и затворањето на продажната мрежа што беше предизвикано од првиот корона-бран пролетоска.
Во статистиката што ја објавија производителите на автомобили во Кина се вклучени и продажбите на товарни возила и автобуси. Деталите за продажбата во декември и за целата година уште не се објавени. Во последниот месец имаше тренд на силен раст кај стопанските возила. Кинескиот пазар е најважен единечен пазар во светски рамки за големите концерни, меѓу кои Volkswagen, Daimler и BMW.
Според сопствени процени, Кина во моментов го контролира вирусот подобро од повеќето земји на Западот. Властите дополнително ја поттикнуваат потрошувачката.