Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Победниците на Дакар Рели пред две години, Насер Ал Атија и Матје Баумел, на релито во 2021 ја забележаа својата прва победа на етапа, извозувајќи ја најбрзо делницата долга 457 километри. Во вкупен пласман, тимот на Toyota Gazoo Racing е на третото место, со заостаток од 9:14 минути.

Откако имаа одличен успех на првиот брзинец, Ги де Вилиер и Алекс Харо заостанаа повеќе од 45 минути поради проблеми со навигацијата, завршувајќи ја етапата на 38-то место. Згора на тоа, на вториот тим на Toyota Gazoo Racing им беше изречен и пенал, поради пропуштена контролна точка. Тие сега се на 23-то место.

Новаците Хенк Лејтган и навигаторот Брет Камингс ја завршија 2-та етапа на 14-то место, иако во почетокот на етапата заглавија на дините. Тие дополнително загубија минути поради проблемите со навигацијата. Шестнаесетто место во генерален пласман.

Шамир Варијава и Денис Марфи загубија 2:19:04 час на вториот брзинец, откако заглавија сериозно во меките дуни близу почетокот на временското мерење. Четвртиот фабрички тим на Toyota сега е на 45-то место и се надеваат да го подобрат резултатот на денешната, трета етапа. Таа е долга 403 километри и почнува и завршува во Вади Ал-Давасир, на работ на „Празниот квартер“.

Глин Хол, директор на тимот: „Насер беше во апсолутна рома денес. Тој возеше навистина остро по целата етапа и не направи ниту една грешка, благодарение и на одличната работа на Матје. Без дефект на гума, тој не само што фати чекор со лидерите на трката, туку и заврши пред победниците на првиот брзинец. Останатите наши тимови постигнаа различни резултати, но сите три автомобили изгубија време поради проблеми со навигацијата и заглавија во меките дини на почетокот на брзинецот. Но, уште е рано.“

Резултатите од 2-та етапа на 2021 Дакар Рели:

1-во место: No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, 4hr 03min 14sec

14-то место: No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +33min 20sec

38-мо место: No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +1hr 05min 22sec

52-ро место No.330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +2hr 19min 04sec

Вкупен пласман по 2-та етапа на 2021 Дакар Рели:

3-то место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +9min 14sec

16-то место No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +49min 03sec

23-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +1hr 12min 23sec

45-то место No.330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +2hr 31min 39sec

Претходна објаваЛон-производителот на iPhone ќе го спасува Byton
Следна објаваНорвешка првпат регистрираше повеќе електрични од обични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here