за

Лон-производителот на iPhone ќе го спасува Byton

Тајванската компанија што го произведува iPhone по налог, сега влегува и во автомобилско производство.

Стартап-компанијата за производство на електрични автомобили Byton, основана од поранешни менаџери во BMW, западна во големи потешкотии поради пандемијата. Специјалистот за електроника Foxconn понуди решение.

Големите планови на стартап-компанијата за електрични автомобили Byton, основана од неколку поранешни менаџери на BMW, запреа поради кризата од пандемијата. Нивното остварување сепак ќе продолжи, благодарение на помошта од Foxconn. Оваа тајванска компанија е позната првенствено како лон-производител на најразлични уреди на Apple. Foxconn сега влегува и во производството на автомобили.

Специјалистот за електроника ќе ѝ помогне на кинеската фирма за електрични автомобили Byton околу производството на првиот сериски автомобил од марката. Byton уште лани планираше да започне со производство во Кина, но плановите се поместија поради корона-пандемијата. Почетокот на производството сега се очекува за првиот квартал од 2022 година.

Byton е основан од поранешни менаџери на BMW и меѓу другото соработува со кинескиот автомобилски концерн FAW. Првиот модел од компанијата, СУВ-моделот M-Byte, привлече многу внимание, особено со широкиот дисплеј што се протегаше од еден до друг крај на кабината. Модел зрел за сериско производство беше прикажан на салонот во Франкфурт во 2019 година и според тогашните најави требаше годинава да започне со продажба и во Европа.

>>> Byton со втор концепт и најава за почеток на производство

Byton K-Byte 5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota помага со возила по земјотресот во Хрватска

Toyota помага со возила по земјотресот во Хрватска

Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021