Toyota учествува во помошта по земјотресот во Хрватска. По силниот земјотрес на југоистокот од главниот град Загреб, компанијата испрати повеќе доставни возила што во кризниот регион донесоа облека, храна и друга помош од Германија.
По земјотресот со силина од 6,4 степени, голем број куќи во најмногу погодениот град Петриња се разурнати и луѓето веќе со денови спијат под отворено небо, при зимски студ. Покрај медицинска помош, на погодените лица им се неопходни и ќебиња и топла облека, како и храна и средства за хигиена.
Toyota преку својата филијала во Германија обезбеди оваа помош да пристигне во кризниот регион колку може побрзо, испраќајќи повеќе возила Proace City во Хрватска. Иако ова доставно возило има компактни димензии, внатре има доволно простор за сместување на помошта што беше собрана за кусо време. Лесните доставни возила брзо го минаа растојанието од околу 1.200 километри. Првите возила пристигнаа во Петриња веднаш по Нова Година.
Брзата и едноставна помош во случај на катастрофа има долга традиција во Toyota. Без разлика дали станува збор за земјотрес или поплава, компанијата редовоно им помага на погодените региони во локални и регионални рамки. Им се помага и на хуманитарните организации, меѓу кои на Црвениот Крст.
















