Mercedes EQS или појасно електричната изведба на S-Class ќе се разликува во многу работи, па и во кокпитот. Додека денес и градските автомобили добиваат дигитални инструменти, EQS прави чекор понапред и целата арматурна табла ја заменува со огромен дисплеј по целата ширина на кабината.
Како што најави претходно, Штутгарт денес го претстави комплетно дигиталниот и интелигентен кокпит на Mercedes EQS, модел чијашто премиера се очекува подоцна во текот на годинава. Огромниот дисплеј по целата ширина на кабината се нарекува MBUX Hyperscreen и само една е од радикалните промени што ќе ги донесе овој модел, што во основата е електрична изведба на S-Class.
Големиот заоблен дисплеј се протега по целата ширина, од еден до друг столб. Покрај големината, одушевува и изработката, што оддава впечаток на висока технологија. Главната функција на хајпескринот сепак е неговата способност да учи, односно прикажувањето на информациите и начинот на ракување сам да го приспособува според корисникот.
https://photos.app.goo.gl/fuxYYsNhdYtSpgiW8
Таканаречениот Zero-Layer овозможува ракувањето да се одвива без потреба од влегување во подменија и нивни подменија. Главните апликации се прикажуваат зависно од ситуацијата, во горниот дел од дисплејот. Целта е да се намали бројот на чекори додека се дојде до саканата функција. Уште една сензација е тоа што делот од дисплејот што е пред совозачот, исто така се приспособува и на совозачот му нуди посебен начин на ракување и прикажување.
MBUX Hyperscreen е мозокот и нервниот систем на автомобилот.
Саџад Кан, член на извршен одбор на Mercedes-Benz AG и CTO
Станува збор за повеќе дисплеи што се поврзани незабележливо во една голема целина со заоблена форма. Отворите за воздух во самиот дислкеј се како еден вид „оставштина“ од аналогниот свет.
Под долниот раб на дисплејот е поставено амбиентално осветлување, што создава впечаток како дисплејот да лебди. Може да се избира меѓу седум различни видови на прикажуавње на содржините. Кога совозачкото седиште не е зафатено, во делот од дислејот пред него се прикажуваат анимирани ѕвезди.
https://photos.app.goo.gl/eTS4FFfaHQGUh6J57
Вградените дисплеи во средината и пред совозачот користат OLED-техника, со многу висок контраст и светли бои, независно од аголот на гледање. Боите што се присутни во секој приказ се сина и портокалова. Класичните тркалезни инструменти се заменети со ласерски меч што е поставен под стаклена леќа.
https://photos.app.goo.gl/yhSJPaMr3aGvQ2Xr9
Целта беше да се смали бројот на чекори при ракувањето со функциите. Во основа, вештачката интелигенција што ја поседува хајперскринот се грижи вистинските функции да се прикажат во вистинското време. Компјутерската логика може автоматски да понуди повеќе од 20 функции, зависно од ситуацијата, почнувајќи од масажа, до потсетување за роденден. Инженерите ги нарекуваат овие функции „Magic Module“.
Четири примери како дејствува MBUX Hyperscreen
https://photos.app.goo.gl/3v2pNgVqnZdrSE316
Во следните четири случаи е доволно само едно посегнување за да се вклучи одредена функција:
- Доколку во вторник навечер, додека патува дома, возачот секогаш се јавува на одреден пријател, тој ќе добива потсетник точно во тој ден и точно во одредено време. Притоа на дисплејот се појавува визит карта. Сите овие потсетници се поврзуваат точно со одреден возач. Доколку во некој друг вторник навечер, на пример сопругата го вози Mercedes EQS, овој потсетник изостанува, односно госпоѓата ќе добива потсетници што се однесуваат точно за неа.
- Доколку возачот на EQS во зима секогаш користи масажа според принципот на жешко камење, системот го забележува тоа и при ниски температури автоматски ја предлага таа функција.
- Доколку возачот заедно со греењето на седиштето секогаш вклучува и греење на воланот и други површини, системот му го предлага тоа секогаш кога тој ќе го вклучи греењето на седиштето.
- Подвозјето на EQS се подигнува заради зголемување на растојанието од подлогата. Тоа е корисно при влегување во подземна гаража или минување преку лежечки полицаец. MBUX ја забележува GPS-позицијата во којашто возачот ја вклучува функцијата за подигнување на каросеријата. Кога возачот следниот пат ќе се приближи до таа позиција, MBUX автоматски му предлага да ја подигне каросеријата на EQS.
https://www.instagram.com/p/CJv31OAi_qF/
>>> Шест нови електричари од Mercedes до 2022 година
















