Редок примерок од Bugatti од 1937 година, проценет на осум милиони евра, утре ќе биде понуден на наддавање во Велика Британија. Станува збор за последниот познат примерок од Bugatti Type 57S, изработен од каросериската работилница Corsica Coachworks.
Олдтајмерот во последните 51 година бил во сопственост на британски инженер и авто-ентузијаст. Возилото е врв во серијата автомобили што ќе бидат понудени на наддавање во рамките на „Легенди од улиците”. Утре ќе се бара нов сопственик за шест олдтајмери.
Шасијата на четириседот е изработена во Молсхајм во Алзас, а потоа со брод е испорачана во Англија. Возилото таму е довршено според желбите на купувачот Роберт Ропнер. Во Молсхајм биле изработени само 42 примероци од Bugatti Type 57S.
Висока сума се очекува и за историски Aston Martin & Co
На наддавањето ќе бидат понудени уште Aston Martin DB4GT Coupé од 1960 година, со вредност проценета на 2,1 милиони евра. Ferrari 275 GTS Convertible од 1965 година се очекува да го чини новиот сопственик до еден милион евра. Олдтајмерите се вредни колекционерски парчиња. Како најскап автомобил во светот важи црвен Ferrari 250 GTO Berlinetta од 1962 година. Тој во 2018 гопдина беше продаден за 48,4 милиони долари, што според сегашниот курсе околу 40 милиони евра.
















