за

Porsche Taycan Cross Turismo на пат кон целната рамнина

Електричните автомобили имаат најмалку иста применливост како автомобилите со обичен погон. Porsche ќе го докажува тоа со кросовер-комби изведбата на Taycan.

porsche taycan cross turismo pretpremiera

Porsche Taycan Cross Turismo моментно ги вози последните кругови од тестирањето. Тоа се одвиваше на најпредизвикувачките тркачки патеки од рангот на Нирбургринг или Хокенхајм, но и на најразлични терени ширум светот.

Практичната комби-изведба на Porsche Taycan, што дополнително има и зголемено растојание од подлогата, се тестираше и по терен во јужна Франција и на Пиринеите. Porsche Taycan Cross Turismo беше изложен на соодветни предизвици и на таканаречената Сафари-патека во сопствениот центар за тестирање на Porsche во Вајсах.

При тестирањето најмногу се внимаваше на полнењето на батеријата и на одржувањето на температурата на погонската спрега во екстремни климатски услови. Меѓу останатите цели при тестирањето се најдоа проверка на перформансите при возење по тркачка патека, со серија забрзувања под полна „гас“, како и проверка на досегот во секојдневни услови на возење.

На тестирање при возење по лош пат и по брза патека беше изложен и новиот носач за велосипеди, што Porsche посебно го разви за овој модел. На широките шини што се поставени на големо растојание, може да се превезуваат повеќе електрични велосипеди – кои се потешки од обичните.

Со вкупно 998.361 километри поминати во тестирање, прототипите на Cross Turismo исто како 25 пати да ја обиколија Земјата. Додека привршуваат тестирањата, маскиран примерок од почетокот на годинава е на глобална тура на петте најголеми пазари за практичната верзија на Taycan, со претставници од неколку медиуми. Тоа се САД, Велика Британија, Норвешка, Холандија и Германија.

Електричното комби со погон на сите тркала располага со пневматска суспензија и можност за менување на висината од подлогата. Покрај тоа, на задната клупа има повеќе слободен простор над главата, како и голем багажник со лесен пристап.

Продажбата на Porsche Taycan Cross Turismo започнува летово, а премиерата ќе се одржи на 4-ти март. Како и досега, Порше Македонија обезбеди присуство на македонските автомобилски новинари на онлајн-премиерата на моделот.

>>> Новиот Porsche 911 GT3 симна 17 секунди на Нирбургринг

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti type 57s 1937 bonhams 21

Редок Bugatti Type 57S се проценува на осум милиони евра

Во Скопје е среќа да не те прегазат дента

Во Скопје е среќа да не те прегазат дента