за

Castrol нуди „масло“ и за електричните автомобили

Производителот на средства за подмачкување Castrol ја основаше марката Castrol ON што нуди работни течности посебно за електричните автомобили.

Специјалистот за масла и масти ветува дека производите од марката Castrol ON го продолжуваат векот на траење и ефикасноста на електричните автомобили. E-масло за трансмисија, е-средство против мрзнење на течноста за ладење и е-маст за подмачкување се основа на понудата.

Специјалното масло за трансмисија за електрични автемобили е развиено со цел да го продолжи животниот век на погонскиот систем, а помага и да се продолжи досегот. Е-средството против мрзнење на течноста за ладење помага батеријата да остане во оптимално температурно подрачје и во екстремни услови. Се влијае позитивно и врз времетраењето на полнењето на батеријата. Е-маста за подмачкување ги сведува температурните врвови на минумум, ја продолжува експлоатацијата и помага за намалување на тежината.

Повеќе од половината од водечките производители на автомобили користат производи на Castrol за првото полнење на возилата. Првата марка што ги користи новите производи Castrol ON е кинескиот BYD, до чијшто сервисни работилници моментно се дистрибуираат првите количини од Castrol ON e-Gear Fluid E1.

Е-течностите на Castrol ON се развиени во соработка со тимот на Jaguar во Формула-Е и тестирани се во екстремните услови во мотоспортот.

>>> Castrol произведува моторно масло од новогодишни елки

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Mercedes S-Class со пристап до половина милион полначи

Во Швајцарија од воз право во Tesla

Кина стравува дека Tesla врши шпиoнажа