за

Електричниот Mercedes S-Class со пристап до половина милион полначи

Штутгарт ја подготвува сцената за пристигањето на EQS, електричниот крсосувач рамен на Mercedes S-Class. Има и бројки: Над 700 километри со полна батерија.

Луксузното возење Mercedes по ново подразбира и луксузно полнење на батеријата. Марката со сребрената ѕвезда подготвува голема пресвртница. Кога S-Class ќе почне да вози на струја, тоа е симбол и за автомобилизмот во целина, и општо за светот. Mercedes открива неколку детали околу EQS, којшто е точно тоа: Електрична S-Class.

При полнење на батеријата на електричните автомобили, клучна е картичката, евентуално мобилната апликација. Доколку нема картичка или е празен телефонот, нема и полнење. Кај Mercedes EQS, кој е кусо пред премиера, сето тоа ќе биде многу поедноставно. Доволно е само возилото да се приклучи на полнач и понатаму самата техника во возилото комуницира со полначот. Тоа е новата функција на Mercedes me што се води под името Plug & Charge/

Користењето полнач, вклучувајќи и мрежи во други земји, едноставно оди на сметката на сопственикот, којашто се подмирува еднаш месечно. Во почетокот, функцијата Plug & Charge ќе може да се користи само во европската мрежа од супербрзи полначи Ionity, како и на некои станици во САД. Plug & Charge е четврта можност за полнење, по MBUX-диспејот во возилото, мобилната апликација Mercedes me и картичката Mercedes me Charge.

Mercedes EQS MBUX Hyperscreen
Кокпитот на Mercedes EQS ќе се состои од три големи дисплеи со фантастично висока резолуција и нов начин на ракување

За одржливоста во поглед на емисијата на СО2 при користењето на електричните возила да биде целосна, Mercedes-Benz овозможува полнење на батеријата на повеќе од 200.000 полначи што се регистрирани во мрежата на Mercedes me Charge во Европа, а кои користат зелена струја. .

Mercedes me Charge е меѓу најголемите мрежи од полначи во светот, моментно со повеќе од половина милиони полначи со наизменична и еднонасочна струја (супербрзи полначи), од кои само 200.000 се во Европа. Понатаму, европската мрежа ја сочинуваат над 400 различни компании со свои мрежи од полначи, што можат да ги користат клиентите на Mercedes me Charge. Клиентот потпишува договор само со Mercedes.

Во Јапонија, Mercedes EQS ќе може самиот да испорачува струја

Mercedes EQS ќе може во Јапонија да се користи и како извор на струја, односно за т.н. двонасочно полнење. Тамошниот стандард CHAdeMO (Charge de Move) подржува двонасочно полнење, а тоа е предуслов за примени од типот на V2G („Vehicle-to-Grid“, од возилото во мрежата) и V2H („Vehicle-to-Home“, од возилото до домот). Тоа меѓу другото значи дека фотоволтаичките панели, на пример, на покривот на сопствениот дом, ќе може да се поврзат директно со возилото, односно со батеријата. Енегијата ќе може да се користи и за испорака на струја, при прекин на мрежата во случај на природна катастрофа.

Mercedes EQS е самостоен модел во рангот на S-Class. Продажбата стартува во август. Истата електрична архитектура ќе ја користи и идниот модел EQE, односно СУВ-изведбите од двата модели. Засега се познати малку технички детали, меѓутоа најважниот е следниов: До 700 километри со полна батерија.

https://www.instagram.com/p/CMeh2Ggjt_A/

>>> Mercedes го стартуваше производството на новата C-Class

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем јубилеј во Млада Болеслав: Škoda триесет години е дел од Volkswagen

Castrol нуди „масло“ и за електричните автомобили