Во Бремен започна производството на новата генерација на Mercedes C-Class, којашто пред неколку недели доживеа светска премиера во лимузинска и комби изведба. Набрзо ќе стартува и производството на моделот во уште две фабрики во производствениот синџир на моделот, во Пекинг и во Ист Лондон, Јужна Африка.
Погоните во Бремен доживеаја значителни преправки и унапредувања за производството на новиот Mercedes C-Class. За разлика од традиционалното производство, каде што одделните делови од каросеријата мора да се изработуваат во една лента, новото каросериско одделение се состои од различни ќелии за изработка, таканаречени „Cubes“. Тие може флексибилно да се комбинираат меѓусебно.
Покрај тоа, се применува и дигиталниот производствен систем MO 360, кој првпат беше пуштен во функција во новата Factory 56 во Зинделфинген, во производството на S-Class. Покрај лимузината и комбито T-Modell, во Бремен наскоро ќе почне и производството на изведбите со приклучен хибриден погон. Батериите за тие возила ќе пристигаат од фабриката за мотори во Јавор, Полска.
Фабриката во Таскалуза, САД, повеќе нема да ја произведува C-Class, затоа што американската фабрика ќе се сосредострочи повеќе на големите СУВ-модели и на електричните модели од подмарката EQ. Помалата фабрика во Бразил исто така нема да го произведува новиот модел.
Лани во светот биле продадени 310.000 примероци од C-Class. Најголем пазар за моделот во светски рамки е Кина.
>>> Mercedes C-Class традиционално e празник за автомобилската сцена

















