за

Голем јубилеј во Млада Болеслав: Škoda триесет години е дел од Volkswagen

Škoda Auto одбележува триесетгодишнина од преоѓањето во концернот Volkswagen. Приказната за економскиот успех на чесите е пример за цела Европа.

Пред триесет години, на 28-ми март 1991 година, тогашната ‘ Škoda, automobilová akciová společnost ’ потпиша договор со групацијата Volkswagen. Отгогаш, производителот од Млада Болескав прерасна од регионален лидер во светски играч кој е присутен на повеќе од 100 пазари ширум светот. Škoda Auto моментно има десет модели во својата понуда и лани седма година во низа продаде повеќе од еден милион автомобили.

Škoda денес учествува со 5% во создавањето на вкупниот домашен производ на Република Чешка и со 9% во извозот од земјата. Марката во меѓувреме доби и една предводничка улога на ниво на концернот и главна е во пробивањето на целиот концерн, со сите свои марки, на растечкиот пазар во Индија. Претстои освојување и на пазарите во Северна Африка.

Млада Болеслав ќе биде одговорна и за развојот на следната генерација на Volkswagen Passat, заедно со Superb. Шефот Томас Шефер по повод значајниот јубилеј најави: „Се посветуваме на три приоритети: Проширување на нашата понуда од модели во основните сегменти, освојување нови пазари за продолжување со развојот во најпродаваните сегменти возила и почитување на диверзитет и одржливост во секој поглед во нашата работа.“

Кус преглед на најзначајните настани во историјата на Škoda Auto

Историско наследство (1978 – 1988)

1978 Volkswagen бара одобрение од чешките власти за тестирање возила на германската марка по патиштата во тогашна Чехословачка

3 – 5/1979 Разговори за можно вградување на сопирачки плочки и мотори од серијата Volkswagen EA 801 во возилата на Škoda.

8/1985 Продолжуваат разговорите за отпочнување со проектот Škoda Type 781 (идниот FAVORIT). Средба на министрите за надворешн работи на Чехословачка и на Сојузна Република Германија во седиштето на Volkswagen во Волфсбург.

9/1986 Поднесување конкретна понуда за лиценцно производство на мотори EA 111.

8/1987 Во Млада Болеслав почнува производството на Škoda FAVORIT.

New photo by Automedia MK / Google Photos

9 – 11/1987 Volkswagen изведува серија тестови со идниот Škoda FAVORIT со мотори од VW од генерациите EA 827 и EA 111.

03 – 10/ 1988 Пропаѓа планираната соработка за лицентно производство на мотори EA 111 (1.05; 1.3 литар) и EA 827 (1.4; 1.6; 1.8 литар), главно поради финансиски причини. Менаџментот на Volkswagen Group сепак ги дознава деталите за новото чешко возило.

Преговори за приватизација и интеграција во Volkswagen Group (1989 – 2000)

11/1989 Мирната „кадифена“ револуција во Чехословачка означува крај на комунистичкиот режим. Земјата се подготвува за слободни избори и демократски избрана влада.

1/1990 Петр Хрдличка, директор за развој во фабриката за автомобили AZNP во Млада Болескав, контактира со Фолкхард Келер, директор за странски соработки во Volkswagen Group. Тој преглада Volkswagen да учествува во предложената приватизација на Škoda.

2/1990 На 4-ти февруари 1990 се одржува средба меѓу претседателот на управниот одбор на Volkswagen Group, Карл Хан и Фолкхард Келер со министерот за надворешни работи на Чехословачка, Славомир Страчар, на аеродромот во Прага.

3/1990 Продолжуваат преговорите меѓу претставниците од Чехословачка и менаџментот на Volkswagen Group. На 22-ри март, Карл Хан и Волкхард Келер пристигаат во Млада Болескав, со првата делегација од Волфсбург.

6/1990 Почнува барањето стратешки партнер: Чешката влада се обраќа на осум од 24 потенцијални кандидати, бара понуда од четири познати производители на автомобили.

8/1990 Барањето стратешки партнер се сведува на алијансата Renault/Volvo и на Volkswagen Group, како најголем производител во Европа. Германската компанија ја почитува желбата на чешката страна, да се промовира традиционалната марка Škoda, да продолжи сопствен развој во Чешка и да продолжи производството на FAVORIT/FORMAN. Volkswagen преглага инвестициски план.

12/1990 На посебна средба со чешката Влада на 9-ти и 10-ти декември, Volkswagen Group го добива договорот. Дополнително на економскиот совет на Владата, со одлуката се сложува работничкиот синдикат на фабриките на Škoda, како и надворешни фирми за консултација. На 21-ви декември 1990 се потшишува дотговорот за соработка.

12/1990 Распадот на централизираната економија и големиот пад во извозот силно ја погодува Škoda. Домашниот пазар, кој е важен за компанијата, речиси колабира. Во 1990 година, компанијата продава само 27.000 возила во земјата, место планираните 126.000 возила. Вкупната продукција во таа година во фабриките во Млада Болеслав, Врхлаби и Квасини изнесува 187.181 возила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

28-ми март 1991 Во четврток, на 28-ми март 1991, чешкиот министер за индустрија, Јан Врба, и Карл Хан, претседател на управниот одбор на Volkswagen Group, потпишува договор за заедничко вложување во производството на возилата на Škoda.

16-ти април 1991 По исполнувањето на договорните барања, Škoda станува четврта марка во Volkswagen Group, покрај VW, Audi и SEAT.

10/1991 На 8-ми октомври, германскиот претседател Рихард фон Вајцекер ја посетува Млада Болеслав. Тој се залага за приватизацијата на автомобилскиот производител уште од пролетта 1990-та.

11/1992 Надзорниот одбор на Volkswagen Group го одобрува инвестицискиот план за Škoda Auto. Тој одобрува вложување 3,749 милијарди германски марки до 2000 година.

6/1994 На 16-ти јуни 1994, Škoda го произведува милионитиот автомобил со преден погон.

10/1994 Деби на новата Škoda FELICIA, првиот модел на Škoda со компоненти од Volkswagen Group.

9/1996 Во Млада Болеслав се отвора една од најсовремените фабрики за автомобили во Европа. Првиот производ е лимузина со петта задна врата во компакт класата – тоа е првата генерација на OCTAVIA од новото време. Моделот прв користи платформа од Volkswagen Group.

05/2000 Volkswagen станува целосен сопственик на Škoda Auto.

12/2014 Škoda Auto првпат продава повеќе од еден милион автомобили на светскиот пазар.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche taycan start

Porsche продаде помалку автомобили, заработи повеќе

Електричниот Mercedes S-Class со пристап до половина милион полначи