Porsche лани постигна незначително зголемување на прометот за 0,6 проценти, на вкупно 28,78 милијарди евра, и покрај тоа што продажбата на автомобили беше намалена во споредба со претходната година.
Пораснала и нето заработката, достигнувајќи 13,2 милијарди евра или за 13% повеќе отколку во 2019 година. Причината за зголемената заработка на Porsche сепак се должи на тоа што спортската марка преклани мораше да плати казна во висина од 535 милиони евра. Тие издатоци значително го оптоварија деловниот биланс. Оперативната заработка достигна 14,6 проценти, што значи дека е исполнета стратешката цел, којашто беше поставена на 15 проценти.
Германскиот производител очекува дека и покрај пандемијата, годинава првпат ќе продаде повеќе од 300.000 автомобили. Според шефот Оливер Блуме, за тоа „постои заслужена шанса“. Porsche лани продаде 272.000 возила на светскиот пазар, помалку отколку во 2019 година. Во почетокот од годината, спортската марка од Цуфенхаузен, предградие на Штутгарт, забележа значително зголеување на продажбата.