за

Porsche вложува милијарда евра во ветерници и колектори

Шефот на Porsche, Оливер Блуме, во интервју за германски неделник открива дека компанијата има поставено цел по 2030 година да работи неутрално во однос на СО2.

porsche taycan turbo s
porsche taycan turbo s

Германската спортска марка ветува дека продажбата и возењето автомобил Porsche повеќе нема да ја оптоварува климата. Шефот Блуме изјави за неделникот Ди Цајт дека „во периодот додека се користат, влијанието на возилата врз климата ќе се сведе на нула“.

Заложбите на Porsche ќе се остварат на два начини. Прво, погонот на електричните спортски автомобили, како Taycan, ќе се обезбеди со обновлива енергија во чиешто финансирање учествува Porsche. „Во следните десет години вложуваме повеќе од една милијарда евра во ветерници, во соларна енергија и останати мерки за заштита на климата.“

Дури и климатскиот биланс на обичните бензинци ќе се подобри во значителна мера: Автомобилите како 911 би можеле „наскоро да користат горива што се речиси неутрални во однос на СО2.“ Porsche за таа цел вложува во Патагонија, во соработка со Siemens Energy. „Нашите возила, што моментно се тестираат со Е-горива, возат со околу 90 проценти пониска емисија на СО2 од фосилно потекло.“

Производството во Цуфенхаузен и во Лајпцих од оваа година веќе е неутрално во поглед на СО2. Дури и во кантината се внимава на заштитата на климата, „каде што го избегнуваме отпадот со помош на вештачка интелигенција.“

Дизел-скандалот во мајчинскиот концерн Volkswagen придонел во одредена мера за новата стратегија: „Тој малку ги растресе работите и раздвижи многу работи. Ние во Porsche тогаш реагиравме мошне брзо и веќе три години немаме дизел мотор во понудата.“

>>> Porsche Taycan Cross Turismo струјата го вози насекаде

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот BMW iX чини исто колку дизел X5

Британија: Полициските камери да проверуваат и осигурување и регистрација