Пикапот на Тesla со премиера веќе во ноември

tesla пикап најава
tesla пикап најава

Според Илон Маск, пикапот на Tesla ќе биде подобар камионет од Ford F-150 и подобар спортски автомобил од Porsche 911. Премиерата на „сајберкамионот“ е закажана за месецов.

Кога шефот на Tesla претставува нов модел, секогаш го најавува и следниот чекор. Така беше и при премиерата на компактниот Model Y, компактниот СУВ врз основа на Model 3. Илон Маск ја искористи пригодата за кусо да го претстави и следниот нов модел, пикап со погон на струја. Камионетот официјално требаше да се појави во септември, но тоа се одложи. Сега Маск го објави и датумот за светската премиера на пикапот, на својот омилен социјален медиум твитер (откако во почетокот на ноември најави дека го гасне својот профил). Официјално, пикапот на Tesla ќе биде претстсавен на 21-ви ноември во Лос Анџелес, во близина на фабриката за ракети SpaceX.

Техно-мултимилијардерот најави дека Tesla Pickup ќе биде „подобар камион од F-150 и подобар спортски автомобил од стандарден 911“. Во посебен твит, Маск спомна дека пикапот ќе биде способен да повлече „на кука“ точно 300 илјади фунти (!), што одговара на 136 тони.

Основниот модел ќе чини 49.000 долари, а „можеби и помалку“

Освен во основната функционалност, пикапот ќе се разликува и со дизајнот. Според Маск, „пикапот ќе личи како од филмовите од научната фантастика, што значи дека нема да биде по сечиј вкус.“ Тој образложува дека електричниoт пикап не е за луѓе кои сакаат камионет што изгледа исто веќе 20 години.

Илон Маск во нему својствениот интело-хумор посочува дека датумот на премиерата на пикапот на Tesla потсеќа на еден НФ-филм:

 

Претходна објаваСветската премиера на новата Skoda Octavia в понеделник
Следна објаваТест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here