Гига-фабриката за батерии на Tesla уште не е изградена целосно, а специјалистот за електрични автомобили веќе купува ново земјиште во близина. Фирмата на Илон Маск денес потврди дека трикратно го зголемила поседот од четири квадратни километри во близина на Рено, Невада. Tesla Motors не планира да гради на новото земјиште во видно време, туку ќе го користи првенствено како бафер-зона. Во неа е можно да се градат нови соларни паркови коишто ќе ја снабдуваат фабриката со електрична енергија добиена од сонцето. Шефот Маск во мај објави дека интересот за стационарниот извор на енергија Powerfall е толку голем што неговата фирма веќе размислува да ги смени плановите за гига-фабриката за батерии.