Tesla работи на градски автомобил со погон на струја

Tesla буквално ја електризира автомобилската бранша. До 2018 години се најавува низа нови модели, меѓу кои компакт, спортски теренец, па дури и градски автомобил.

За четири години можеме да ја очекуваме пемиерата на градскиот автомобил со погон на струја и ознака Model C од калифорнискиот специјалист за електрични автомобили TeslaMotors. Засега отсуствува официјална потврда за серискиот старт на моделот чија што ознака C произлегува од City, но факт е сé што досега било протолкувано како шпекулација од оваа марка било реализирано.

Официјално е веќе потврденo дека покрај Model S и Model X ќе има и модел од компактната класа, којшто ќе се позиционира покрај премиум моделите Audi A3 и серијата 1 на BMW и ќе стартува во 2017 година. Продажбата на компактниот електромобил ќе стартува прво на пазарот во САД. Шефот Илон Маск и натаму преферира неговите автомобили да користат исклучиво погон на струја, односно не планира воведување на модел со хибриден погон под марката Tesla.

Со цената се очекува овој Model 3 да се движи околу половината од цената на Model S, што значи дека може да се очекува цена од околу 40.000 евра. Моментно на европскиот пазар е присутна само лимузината Tesla Model S. Следниот новитет од калифорниската марка ќе биде кросоверот Model X, чијашто продажба во САД е најавено да стартува во почетокот на следната година, а подоцна и на европскиот пазар. Првиот автомобил на американската марка, Tesla Roadster, не се произведува уште од 2012 година.

Претходна објаваFiat ги претстави новите верзии Cross од моделите Panda и Freemont
Следна објаваOpel со портал за сопственици на возила од марката во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here