за

Шефот Таварес цени дека чип-кризата ќе трае до крајот на 2023

Извршниот директор на концернот Stellantis, Карлос Таварес, очекува нередовното снабдување на автомобилските фабрики со микрочипови да биде надминато дури кон завршетокот на следната година.

Португалецот Карлос Таварес, извршен директор на заедничкиот концерн на Peugeot и Fiat, во интервју за француски дневник, изјави дека снабдувањето со полупроводници ќе наидува на потешкотии до завршетокот на следната година.

„Ситуацијата ќе остане мошне сложена до завршетокот на 2023 година, а потоа малку ќе попушти“, изјави Таварес за дневникот Ле Паризиен, додавајќи дека „производителите на полупроводници имаат интерес да го продолжат бизнисот со нас, посебно откако тие почнаа да ги зголемуваат цените.“

Уште од завршетокот на 2020 година, недостигот од микропроцесори, како последица од пандемијата и други влијанија, ги остави светските производители на автомобили без милиони прозиведени аавтомобили. Кризата почна да попушта, но производителите на автомобили мораат да плаќаат скапо и се соочуваат со високи цени што ќе останат трајни.

Менаџер од групацијата Volkswagen во минатиот месец изјави дека во неговиот концерн исто така очекуваат кризата со микрочипови да трае и во текот на следната година.

Недостигот од чипови остава последици врз продажбата во Франција. Во минатиот месец имаше зголемување на продажбата на автомобили во земјата за 5 проценти, меѓутоа сметано од почетокот на годинава, пазарот е 12 проценти во кусок во споредба со лани.

Производители на чипови: Авто-концерните се виновни за кризата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Faurecia доби 213 мио. € од ЕУ за да произведува резервоари за водород

Ирина Каук е новата директорка на Porsche за Централна и Источна Европа