Ирина Каук доаѓа на местото на Михаел Милер, кој по повеќе од 20 години успешна кариера во Porsche, ја напушта компанијата и ќе се посвети на нови професионални предизвици.
„Се радуваме што со Ирика Каук добивме колешка со интернационално искуство за раководењето со нашето регионално биро во Прага“, изјави Детлеф фон Платен, претседател за продажба и маркетинг во Porsche AG. „Во рамките на нејзините досегашни професионални позиции, таа веќе има стекнато релевантна слика за продажбата на нашите источноевропски пазари. Заедно со нејзината голема финансиска експертиза, госпоѓа Каук има цел да продолжи да го унапредува Porsche на пазарите во Централна и Источна Европа.“
Ирина Каук е директорка за финансии во Porsche Lifestyle од 2020 година. Тоа е целосно сестринска компанија на Porsche AG. Меѓу 2017 и 2019 година, Каук е директорка за финансии во Porsche во Русија и во центарот за Porsche во Москва. На тоа претходи место на финансиска советничка во подрачјата за инвестициски фондови, недвижнини, раководење со актива и хартии од вредност.
Претходникот Михаел Милер, раководи со регионалната канцеларија од 2018 година и привремено ќе му ја предаде функцијата на Штефен Флек, почнувајќи од 1-ви јануари. Тој ќе раководи до преземањето на функцијата на Ирина Каук, дополнително покрај неговата улога на директор за продажба во Porsche за Централна и Источна Европа.
Porsche Central and Eastern Europe s.r.o. (PCEE) со седиште во Прага е регионално биро, како стопроцентна сестринска компанија на Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG. Основано во 2008 година, PCEE денес покрива 25 пазари – од Хрватска, преку Турција, до Израел, вклучувајќи ја секако и Македонија.
Возење Porsche издание 2022, автомобилите се други, уживањето исто