за

Taigun ќе го однесе Volkswagen на врвот

Taigun ја користи платформата од малечкиот Up. Конкуренцијата уште нема најавено модел во сегментот на мини теренците

Концернот Volkswagen си постави цел до 2018 година да стане најголем авто производител на светот. Малечкиот теренец Taigun е еден од моделите што ќе придонесат целта да се постигне.

Резултатите од продажбата во првите шест месеци од годинава покажуваат дека германскиот гигант може да го заземе врвот и порано од очекуваното. На првото место како најголем светски производител и натаму е Toyota со 4,9 милиони возила, по него следува General Motors со 4,85 милиони, додека Volkswagen е веднаш зад нив со 4,7 милиони возила и воедно најголем раст во продажбата. Наспроти 5,5-те проценти пораст на Volkswagen, Јапонците имаат минус од 1,2 проценти, а Американците плус од 3,9 проценти. Заостатокот постојано се намалува, само 220.000 возила го делат концернот од Волфсбург од врвот.

Taigun ја користи платформата од малечкиот Up. Конкуренцијата уште нема најавено модел во сегментот на мини теренците
Taigun ја користи платформата од малечкиот Up. Конкуренцијата уште нема најавено модел во сегментот на мини теренците

Во ловот на првото место ќе биде од голема помош Taigun, кој минатиот октомври беше претставен како концептно возило во Сао Пауло, во Бразил. Со овој модел Volkswagen го отвора сегментот на мини спортските теренци, каде што конкуренцијата уште го нема насетено големиот потенцијал. Овој модел нема да биде интересен само за Јужна Америка, Индија или другите пазари во раст, туку и во Европа. Браншата во последно време регистрира преоѓање на купувачите во пониските класи и сигурно е дека мини теренецот ќе привлече голем интерес.

Стартот на серискиот модел се очекува во 2016 година. Само неколку модели од јапонските марки имаат  теренец со големина на Taigun, но тие се продаваат само локално
Стартот на серискиот модел се очекува во 2016 година. Само неколку модели од јапонските марки имаат теренец со големина на Taigun, но тие се продаваат само локално

Последните статистички податоци од продажбата на германскиот пазар, како најголем во Европа, откриваат големи промени во учеството на одделните сегменти во продажбата. Таму и натаму доминираат возилата од компакт класата со 25,1 проценти, пред малите возила (16,4%) и средната класа (12,85%). Но, додека продажбата на моделите од средната класа опаѓа за околу 14 проценти, малечките возила пораснаа за 7,2 проценти. Не е далеку денот кога последниве ќе преземат 10 проценти од пазарот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Brabus го тера големиот Mercedes до 325 km/h

Германците се среќни со Dacia