Германците се среќни со Dacia

Според истражувањето на клубот АДАК, купувачите на возило со цена до 10.000 евра се најсреќни со Dacia Logan MCV. На второто место е Ford Fiesta, а на третото уште еден модел на Dacia.

Кај возилата со цена до 10.000 евра, купувачите се најзадоволни со комби моделот на Logan. Тоа е резултатот од истражувањето што го спроведе најголемиот европски клуб АДАК. Со значителен заостаток, на второто место е Ford Fiesta, додека на третото место е уште еден модел на евтината марка на Renault, комбилимузината Sandero. Последен е Suzuki Alto. Неговите сопственици негодуваат најмногу за потешкотиите при ракувањето и за комфорот.

Комби моделите по традиција наидуваат на голема прифатеност на германскиот пазар. Изгледот на новиот MCV исто така е еден од пресудните аргументи за купување
Комби моделите по традиција наидуваат на голема прифатеност на германскиот пазар. Изгледот на новиот MCV исто така е еден од пресудните аргументи за купување

Највисоките три места останаа недостижни за моделите од сегментот на мини возилата, кои застапуваат најголем дел од сегментот. На четвртото место е Toyota Aygo, чии што сопственици ја ценат најмногу штедливоста и евтиното сервисирање. Потоа следуваат Renault Twingo, Citroen C1 и Kia Picanto.

Истражувањето на клубот беше спроведено преку неговата страница на интернет, при што повеќе од 20.000 лица ги искажаа искуствата и задоволството од нивниот автомобил. Покрај задоволството од возилото, во истражувањето се оценуваа и сервисирањето, дефектите, купувањето на возилото, како и плановите за купување на следниот автомобил.

Истражување на АДАК

Единаесет автомобили во сегментот до 10.000 евра

Место Модел Процент на задоволни сопственици Цена во ЕУ (во евра)
1 DaciaLogan MCV 74,2 7.990
2 Ford Fiesta 69,5 8.990
3 Dacia Sandero 69,4 6.990
4 Toyota Aygo 68,9 8.990
5 Renault Twingo 66,4 9.990
6 Citroen C1 65,0 9.550
7 Kia Picanto 64,3 8.990
8 Ford KA 63,2 7.990
9 Fiat Panda 61,8 8.990
10 Chevrolet Spark 61,5 8.990
11 Suzuki Alto 59,5 8.990

Претходна објаваTaigun ќе го однесе Volkswagen на врвот
Следна објаваRange Rover се осилува со 550 КС