Suzuki ја покажа новата Vitara

Подготовките за новата генерација на Suzuki Vitara се веќе во тек. Со атрактивна цена од 15.000 евра за стартниот модел, во регионов се веќе нарачани 900 примероци од компактниот јапонски теренец

Основоположникот на трендот на теренци што се достапни за народот пристига во нова генерација. Сериската верзија на концептот iV-4 од салонот во Франкфурт е новата Vitara.

Јапонскиот специјалист за теренци и трендовски градски автомобили подготвува голема светска премиера за претстојниот салон во Париз, којшто се одржува од 4-ти до 19-ти октомври. Повеќе детали околу новиот модел не се откриваат, Suzuki само потврдува дека новата Vitara ќе го користи погонот на сите тркала Allgrip во комбинација со напредна технологија во погонската спрега во насока на намалување на потрошувачката на гориво и ќе нуди можности за индивидуализација на стилот на компактниот теренец, меѓу другото и изведба на покривот во контрастна боја со каросеријата.

 

Претходна објаваRenault Sport R.S. 01: Новиот тркач на Французите
Следна објаваПремиера за Datsun на салонот во Москва

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here