Suzuki ги откри контурите на идниот теренец

Јапонскиот специјалист за малечки возила и погон на сите тркала ќе го претстави концептниот автомобил iV-4 на салонот во Франкфурт. Целиот штанд на Suzuki ќе биде во знакот на овој концепт, кој што го најавува изгледот на идните теренски модели на марката.

Концептниот автомобил е развиен под максимата „Зграбчи го твоето поле“, возилото ги отелотворува типичната робусност и масивност на спортските теренци. Покрај препознатливите дизајнерски белези на спортските теренци на Suzuki, како што се заоблената хауба и петтелната маска, дизајнот како целина соодветствува на барањата за модерен и иновативен спортски теренец и на тој начин се вклупува во понудата на теренски модели на марката.

Suzuki_iV-4_Concept_teaser_2

Претходна објаваMitsubishi ASX ќе се произведува и во Бразил
Следна објаваВерсај се префрли на батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here