Марката Mitsubishi започна со производство на моделот ASX во Бразил, во фабриката во Каталао. Бразил е четврти најголем пазар за автомобили во светот.
Со продажен волумен од 3,6 милиони возила, Бразил беше четврти најголем пазар за автомобили во светот во 2012 година. Најсилната економска сила во Јужна Америка е во средиштето на вниманието на светската јавност пред Светското првенство во фудбал во 2014 година и Летните олимписки игри во 2016 година и очекува голем раст на локалниот автомобилски пазар.
Со производството на ASX во Бразил, Mitsubishi ја засилува не само конкурентноста на својот модел, туку и целата оперативна база за еден од најважните светски пазари. Од почетокот на продажбата, за ASX досега се решиле 26.000 купувачи во јужноамериканската земја. Во фабриката претходно се произведуваа тернските модели Pajero TR4, Pajero Dakar и L 200 Triton. Производството на ASX, кој има централна улога во глобалната моделска стратегија на Mitsubishi, стартуваше во Јапонија, а потоа следуваа САД, Индонезија и Кина.