Suzuki Jimny во славната серија Black Bison на јапонскиот тјунер

Suzuki Jimny Wald Black Bison

Новата генерација на Suzuki Jimny неочекувано се претвори во вистинска ѕвезда. Планираниот континент за цела година се потроши за еден месец во повеќето европски држави, а тјунерската сцена буквално лудува со преправките на малечкиот теренец. Јапонскиот специјалист Wald отиде најдалеку

Suzuki Jimny е чиста спротивност на големите СУВ-модели, на коишто целата суштина им е во тоа што се големи. Но, сцената немаше толку да го почитува јапонското мини, доколку Jimny не поседуваше одлични теренски својства.

Откако се појави новата генерација на Jimny, со стил кој потсеќа на легендата G-Class, речиси не остана тјунерска работилница што не направи своја верзија на теренскиот Suzuki. Истата еуфорија владее и во продажните салони на марката ширум Европа, кадешто купувачите уште во јануари ги исцрпеа нарачаните контингенти од Jimny за цела 2019 година. Suzuki Jimny се претвори во трендмобил, луѓе сакаат да бидат видени со овој автомобил.

https://photos.app.goo.gl/opwCW5zumfZgNBUU6

Во средината на јануари следеше кулминација и на тјунинг-сцената, откако неколку домашни работилници излегоа со преправки на Jimny на салонот во Токио. Меѓу нив, најголемо внимание привлече примерокот наречен Black Bison, од тјунерската куќа Wald. Оваа ценета и позната адреса за скапи преправки на скапи автомобили е позната токму по „Black Bison“, како специјалност на тјунерот, цивилни автомобили од типот на S-Class или Phantom да се претворат во монструми, со каросерија лакирана во мат црна боја. Годинава, Wald првпат се впушти во авантура со малечкиот Suzuki Jimny.

https://photos.app.goo.gl/Qkcn6xppRQgvunaq7

По неполн месец од завршувањето на салонот во Токио, Wald претстави уште поекстремна изведба на Jimny Black Bison Edition. Резултатот е во најмала рака одушевувачки. Јапонскиот тјунер го постави малечкиот теренец на џиновски гуми и бандажи, комотно сместени под проширените крила. И тоа воопшто не изгледа гротескно – со исклучок на масивните отвори за воздух во хаубата, кои на 1,5-литарскиот бензинец сигурно не му се потребни во таа димензија.

https://photos.app.goo.gl/UwnnVRySBzpWEwuy9

Предните светла користат исклучиво диоди, но вистинската светлосна група е поставена многу повисоко, на покрив, кадешто веќе не станува збор за светла, туку за рефлектори. Издувот добива класичен тјунерски третман и завршува со двојна издувна цевка отстрана, под возачката врата.

https://photos.app.goo.gl/i8rdU55FAxK2BLoV7

Постојат гласини дека Wald планира да ја понуди оваа екстремна преработка на Suzuki Jimny и на европскиот пазар. Со скромно познавање јапонски јазик и со огромна подршка од гугл-преведувачот, може да се дојде до податок дека предниот браник чини 98.000 јени или околу 785 евра, проширените крила 135.000 јени (1.100 евра), маската 68.000 јени (550 евра), кровниот спојлер 60.000 јени (480 евра).

Тоа сепак е мошне далеку од цените што ги плаќаат сопствениците на Rolls-Royce Phantom за нивиот ексклузивен крстосувач да се претвори во „црн бизон“. Повторно предност за Jimny.

Неколку преработки на Suzuki Jimny од јануарскиот Токио Авто Салон

https://photos.app.goo.gl/tGUhNJYqJKxDkoaQ6

https://photos.app.goo.gl/vY5DoojFg7FbP6YR8

https://photos.app.goo.gl/vvDLSvoBPa2LdZEN8

 

Suzuki Jimny во полуфинале за светски автомобил на годината

Британските возачи најзадоволни од Suzuki

Дизајнот на Suzuki Jimny им вреди злато на Јапонците

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

 

Претходна објаваGeneral Motors започнува со продажба на електрични велосипеди
Следна објаваЗошто на концерните не им е доволно само да продаваат автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here