за

Suzuki првпат возеше на струја пред повеќе од 50 години

Првиот автомобил на Suzuki со електричен погон беше претставен пред повеќе од половина век, како преработена изведба на Carry, легендарниот модел со дизајн од Џуџаро.

Suzuki се покажа мошне примерна марка во електрификацијата, со хибриден погон достапен во целата гама, од 12-волтен благ хибриден погон во Ignis и Swift, преку полн хибриден погон во Vitara и S-Cross, до приклучен хибрид во СУВ-знаменосецот Across. Електромоторот има долга традиција во марката.

Првиот електричен модел на Suzuki беше претставен пред повеќе од половина век, како електрична верзија на микро-ванот Carry. Малечкиот транспортер предизвика сензација, покажувајќи колку многу товарен простор може да се постигне во возило со мала должина, но и самиот дизајн беше сензација. Дизајнот на четвртата генерација на Suzuki Carry го потпиша слабниот Џорџето Џуџаро. Тоа што предизвика општо одушевување и кај стручната критика и кај јавноста, беа симетричните форми  на каросеријата, лизгачките врти и големите стаклени површини. Овој дизајн се вбројува меѓу најгенијалните креации во историјата на автомобилизмот.

Suzuki ја разви електричната верзија на Carry посебно за потребите на службата на обезбедување на просторот во којшто се одржуваше Светскиот Саем во Осака во 1970 година. Електричниот погон совршено се надоврзуваше на футуристичката конструкција на Carry. Автомобилите во служба на обезбедувањето се движеа тивко, без емисија на штетни материи. Малите димензии на возилото и релативно големата кабина го заокружуваа концептот. Suzuki изработе десет примероци од Carry Van со електричен погон. Возилата немаа проблеми со досегот или со времетраењето на полнењето.

Инженерите на Suzuki ги сместија батеријата и електромоторот под подот на возилото. Тоа беше напреден пристап за времето. Електромоторот под напон од 60 волти, постигнуваше трајна моќност од 4,6 киловати. Carry Van постигнуваше брзина од 45 km/h, а досегот изнесуваше 50 километри. Реставриран примерок од оригиналните возила што се користеа на „експото“ во Осака е дел од постојаната изложба во музејот на Suzuki во Хамамацу.

Suzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Виетнамците ги испратија своите електрични возила до Калифорнија

Возел 100 km/h пребрзо во Данска, тој во затвор, автомобилот продаден