за

Возел 100 km/h пребрзо во Данска, тој во затвор, автомобилот продаден

На автопат во Данска, полицијата запрела возач што јурел 210 km/h при дозволени 110 km/h. Возачот ќе одлежи во затвор, посебна судбина го снајде автомобилот Porschе.

Данска најстрого ги казнува брзите возачи. Судот во Лингби, гратче северно од Копенхаген, во постапка што траеше од минатата пролет, на возачот му одреди 20 дена притвор.

Возачот на возраст од 42 години во следните три години нема да смее да седне зад волан. Но, тоа е само најблагата казна во целиот овој случај. Данецот возел Porsche 911 од генерацијата 993, што се произведуваше пред завршетокот на минатиот милениум. Скапоцениот спортски автомобил е одземен, а потоа и продаден на наддавање, во корист на државната каса. За случајот да биде уште подраматичен, автомобилот воопшто не му припаѓал на „тркачот“, туку тој го позајмил автомобилот од пријател, а овој пак го користел возилото под лизинг.

Во Данска од 31-ви март 2021 година е на важност нов закон, според којшто уште построго се казнуваат безобѕирните возачи. Полицијата го запрела возачот на Porsche веќе во првиот ден по стапувањето на законот на сила. Судската постапка се одолговлечи до есенва.

Со новиот закон, меѓу другото се предвидува заплена на возилата на прекршителите, независно кој е сопственикот. Овој закон важи при деликти со смртни последици и при телесна повреда, исто како и при загрозување на животот и безоѕирно возење. За еден случај да се смета како безобѕирно возење, прекршителот треба дозволената брзина да ја пречекори за 100 проценти, при брзини над 100 km/h.

Возењето е безобѕирно и доколку се јури со преку 200 km/h, како и при возење во алкохолизирана состојба со повеќе од 2,0 промили алкохол во крвта. Полицијата врши заплена на возилото во сите овие случаи.

Хамбург собрал над 30 милиони евра од казни за пребрзо возење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki првпат возеше на струја пред повеќе од 50 години

BMW вложува повеќе од 2 милијарди евра во фабриката во Унгарија