Британска студија спроведена од реномираниот JD Power открива дека сопствениците на малечкиот Suzuki Alto имаат најмалку проблеми во споредба со другите возила во класата.
Познатиот институт JD Power, меѓу чиишто специјалности се вбројуваат и истражувања за издржливоста на возилата, спроведе студија за искуствата на сопственците на автомобили стари меѓу една и 3 години, односно за проблемите што тие ги имале со своите возила во последниот период од 12 месеци. Студијата се базира на 177 проблематични позиции во осум различни категории.
86 проблеми на сто возила кај Suzuki, наспроти просекот од 114 проблеми во сите класи
Марката Suzuki во ова истражување се најде на третото место според издржливоста на своите возила, со индекс 86 PP100, односно со 86 регистрирани помали или поголеми проблеми на 100 возила. Тоа е одличен резултат ако се земе во предвид дека просекот во сите класи на возила изнесува 114 PP100, односно во просек 114 проблеми се појавуваат на 100 возила од сите класи.
Единствено Skoda и Kia им предизвикуваат помалку главоболки на своите сопственици, со индекс 77 PP100, односно 83 PP100. Nissan е четвртопласиран со индекс 87, пред Toyota и Mercedes (88). Volvo е на шестото место (93 PP100) и заедно со Mercedes е единствена марка од премиум сегментот што постигнува резултат подобар од просекот во сите класи и сегменти.
Покрај Suzuki Alto, победници во своите класи се Mercedes E-Class и C-Class, Kia Ceed, Nissan Juke и Honda Jazz. Јапонскиот специјалист за малечки автомобили и кросовери во меѓувреме го замени Alto со новиот модел Celerio, кој ги наследува квалитетите од својот претходник.
Најдобро пласирани три модели во секоја класа
* Според истражувањето на JD Power во Британија
| Градски автомобили | Средна класа |
| Suzuki Alto
Toyota Aygo Hyundai i10 |
Mercedes C-Class
Ford Mondeo Volkswagen Passat |
| Компакт класа | Малечки возила |
| Kia Ceed
Peugeot 308 Mercedes A-Class |
Nissan Juke
Mazda2 Skoda Fabia |
| Виша и луксузна класа | Малечки теренски возила |
| Mercedes E-Class
Jaguar XF * нема други модели над просекот |
Honda Jazz
Nissan Note Opel Meriva |
















