Suzuki со рекордни три милиони произведени автомобили лани

Обновувањето на моделската понуда на Suzuki го покажа ефектот. Лани јапонската марка произведе над три милиони возила, што е рекорд. Обновувањето на понудата е штотуку до половина.

Јапонскиот специјалист за малечки автомобили и погон на сите тркала ја заврши ланската деловна година со рекордна продажба. Во фабриките на Suzuki во 12 земји се произведоа 3.034.081 автомобил. Најголемиот пораст во продажбата доаѓа од странските пазари и се должи првенствено на одличниот успех на новиот компактен кросовер Vitara. Моделот за европскиот пазар се произведува во фабриката на Suzuki во Ештергом. Ефектот од воведувањето на Vitara се огледува и на македонскиот пазар, каде што увозникот Миркат за првпат достигна продажба од над 100 возила од марката Suzuki.

SUZUKI BALENO пристига како нов конкурент во класата на Polo и Fiesta
SUZUKI BALENO пристига како нов конкурент во класата на Polo и Fiesta

Лани јапонскиот производител постигна историски рекорд и ги надмина досегашните производствени бројки на пазарите надвор од домашниот пазар за дури 7,1 проценти. Во оваа година продолжува интензитетот на моделската офанзива, кој ќе донесе натамошно зголемување на продажбата. Suzuki Baleno се вклучува во силната конкуренција во сегментот на градските автомобили, каде што ќе им се спротивстави на моделите од ковот на Polo и Fiesta со просторна каросерија и нова генерација мотори со висока штедливост.

Претходна објаваToyota Prius бара само 3 литри за сто километри
Следна објаваАмериканскиот електропионер Tesla ја изгуби вредноста на акциите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here