за

Центар во Индија главен за новиот софтвер во возилата на Stellantis

Концернот на Peugeot и Fiat отвори центар за развој на софтвер во Индија, којшто ќе има клучна задача во спроведувањето на дигиталната стратегија на концернот.

Новиот центар во Индија ќе има главна улога во развојот на технологијата за идниот STLA SmartCockpit во возилата од 11-те марки на концернот Stellantis. Технологијата се развива со цел да се постигне дигитална интеграција меѓу возилото и возачот.

Stellantis отвори софтверски центар во Бангалор, Индија. Тоа е втор иновациски центар во земјата, којшто ќе биде посветен на развој на технологии за кокпит и системи за асистенција на возачот.

Овој комплекс ќе биде главен центар за развој на една од трите технолошки платформи што Stellantis ќе почне да ги применува во своите модели во 2024 година. Станува збор за STLA SmartCockpit, што според соопштението од производителот има за цел дигитално да ги поврзе возилото и возачот.

Во центарот ќе работат бројни лаборатории, вклучувајќи и акустична лабораторија со најнапредна технологија, во коишто ќе се создаваат звуците што ќе бидат својствени за моделите на Peugeot, Opel, Fiat, Alfa Romeo & Co. Таму ќе се работи и на најквалитетни аудио системи за марките од концернот.

Меѓу задачите на центарот што ќе вработува околу 500 лица, спаѓа и развој на вештачка интелигенција (AI) и системи за асистенција на возачот (ADAS), главно системи за автопилотирано воење.

Бангалор во 1990-те прерасна во индиски одговор на Силиконската Долина, привлекувајќи милиони софтверски инженери. Се отворија бројни регионални центри на некои од најголемите светски компании во ИТ-индустријата. Во регионот работат повеќе од 3.500 компании од ИТ-секторот и постојоат 79 технолошки паркови.

Stellantis во моментов е присутен на индискиот пазар со моделите од марките Jeep и Citroen

Софтверот станува клучен во модерните возила и претставува растечки извор на приход. Производителите вложуваат масивно во проширување на центрите за развој и вработуваат менаџери со специјалност за одредени гранки, со цел на купувачите да им понудат подобри решенија во поглед на конективноста, процесирањето на податоци и е-трговија.

Stellantis цели до 2030 година да постигнува дополнителен годишен приход во висина од 20 милијарди евра, со помош на својата стратегија што се базира врз примена на напреден софтвер.

Nvidia има компјутер за автомобили што врши 254 трилиони операции во секунда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault и Geely го најавуваат првиот заеднички модел

Fiat ќе гради фабрика за автомобили во Алжир