Fiat ќе гради фабрика за автомобили во Алжир

Договорот меѓу концернот Stellantis и Алжир се однесува на проект, за Fiat во северноафриканската држава да развива индустриски активности, сервисна мрежа и снабдување со резервни делови.

Fiat ќе го поттикнува развојот на автомобилската индустрија во Алжир. Концернот на италијанската марка, во којшто спаѓаат уште Peugeot, Citroen, Alfa Romeo, Jeep и Opel, не открива понатамошни детали околу активностите коишто се опфатени во договорот со алжирските власти.

„Квалитетот на тековните преговори нé уверува дека постојат изгледи за марката Fiat да се развива и да излегува во пресрет на очекувањата на алжирските купувачи“, изјави извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес.

Jeep Avenger е само почеток, следат модели на Fiat и Alfa Romeo

Претходна објаваЦентар во Индија главен за новиот софтвер во возилата на Stellantis
Следна објаваMercedes најавува премиера на електричен GLE во Париз