Уште една голема премиера под висок напон за Mercedes-Benz Cars, поточно за нивната електрична подмарка Mercedes EQ. Новиот EQE SUV е позициониран под луксузниот EQS SUV, меѓутоа ја користи истата платформа што е посебно наменета за чисто електрични модели од врвните автомобилски сегменти.
Mercedes-Benz полека ја задвижува машинеријата за премиерата што ќе се покаже како една од најголемите на претстојниот салон во Париз, што се отвора на 16-ти октомври. На „мондијалот“ во француската престолнина ќе биде претставен EQE SUV, елеткричен СУВ којшто ја користи техниката од лимузините EQS и EQE, односно од крстосувачот EQS SUV – модел што нормално не смее да мине без напомена дека тоа е дизајн создаден од македонскиот дизајнер во Штутгарт, маестро Славче Таневски.
Податоците за новиот модел засега не само што се скромни, туку и ништо не се открива. Неколку факти сепак излегоа од Штугарт. Mercedes на салонот во Париз веднаш ќе ја прикаже и спортската изведба на EQE SUV под знакот на AMG. Мотото на настапот на германската марка во Париз гласи „Lead in Electric“, и тука нема што да се дополнува.
Со воведувањето на EQE SUV, понудата од чисто електрични модели, ги опфаќа EQA, EQB, EQC, EQE, EQE SUV, EQS, EQS SUV и EQV. На тоа се придружуваат моделите со високи перформанси EQE, EQE SUV и EQS, под знакот на Mercedes-AMG. Тоа значи дека Mercedes-Benz веќе постави еден историски праг: Од завршетокот на 2022 година, компанијата ќе нуди по еден чисто електричен модел во секој сегмент во којшто е присутна на пазарот.
View this post on Instagram
Целата флота на EQ ќе им биде прикажана на медиумите на 16-ти и 17-ти октомври на своевиден „Catwalk“ во градините на Музејот Роден (Musée Rodin). Нив ќе им се придружат најспектакуларни концепти и идни сериски модели: Concept EQG, Concept Mercedes-Maybach EQS, Vision AMG и студиското возило VISION EQXX, коешто посега подалеку во иднината од кој било автомобил досега.
Почнува производството на Mercedes EQS SUV, дизајнерот ни е многу познат