Spyker банкротира: Нов старт со електрични автомобили?

spyker aileron

Ниту доверителската заштита не помогна холандската марка на спортски автомобили да отиде под стечај. Сопственикот Виктор Мулер се надева на нов почеток со електромобили.

Холандскиот производител на спортски автомобили Spyker банкротира. Некогашниот сопственик на култната шведска марка Saab објави стечај. Шефот Виктор Мулер сепак најавува нов почеток за неговата фирма, којашто ќе се ориентира на автомобили на струја.

Фирмата основана во 2000-та година уште пред неколку години се најде под доверителска заштита со цел да се спаси од стечај. Но, раководството на фирмата не успеа да го добие неопходниот кредит за одржување на работата. Spyker го позајми името од холандската марка од почетокот на минатиот век и произведуваше ексклузивни спортски автомобили.

Претходна објаваSkoda Fabia ја победи Opel Corsa на споредбен тест на Auto Bild
Следна објаваСпецијална серија од Lamborghini Aventador во чест на Pirelli

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here