Smart пред суд поради реклама во Италија

Заштитата на потрошувачи функционира одлично во Италија. Smart плаќа казна поради погрешно наведување во рекламата

Марката со малечките автомобили се соочува со проблеми пред италијанскиот суд. Поради збунувачка реклама, Smart мора да плати парична казна во висина од 200.000 евра.

Германскиот концерн Daimler ќе плати казна поради објавување на збунувачка реклама во Италија. Казната во висина од 200.000 евра е изречена поради рекламен спот за Smart. Според организацијата за заштита на потрошувачи Кодичи, производителот погрешно наведувал во рекламниот спот дека при купување на Smart ги презема трошоците за осигурувањето на возилото. Реално станувало збор само за попуст во продажната цена на Smart.

Претходна објаваДетроит 2015: Испечати ми еден автомобил, молам!
Следна објаваTesla ги шокира акционерите: Добивка дури во 2020 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here