за

Skoda Rapid Spaceback: Помошникот на Golf

Чесите за прв пат нудат компакт во комбилимузинска каросерија. Тој ќе ги напаѓа првенствено поевтините конкуренти на Golf, кои доаѓаат главно од Кореја, но и Opel и Ford нема да останат поштедени.

Досега се јавуваше голема празнина во моделската понуда на Skoda меѓу Fabia и Octavia. Овој простор идеално го пополни Rapid, со големината и со цената, но лимузинската форма не е секаде подеднакво популарна во овој сегмент. На западноевропскиот пазар купувачите повеќе ги сакаат компактите во вообичаената верзија со пет врати. Сега стартува Rapid Spaceback, комбилимузинската верзија на чешкиот компакт, кој пред сé цели кон силната конкуренција од Кореја, но и кон европските модели што се продаваат поевтино од Golf. Поради тоа, Rapid Spaceback повеќе ќе има задача да ги привлече купувачите во сопственикот концерн, отколку што ќе му наштети на продажбата на компактот на Volkswagen.

Со должина од 4,3 метри, Spaceback е 18 сантиметри покус од лимузинскиот Rapid, но со меѓуоскиното растојание од 2,6 метри нуди иста просторност во кабината. Тоа подразбира рекорден простор за колена и за глава
Со должина од 4,3 метри, Spaceback е 18 сантиметри покус од лимузинскиот Rapid, но со меѓуоскиното растојание од 2,6 метри нуди иста просторност во кабината. Тоа подразбира рекорден простор за колена и за глава

Со должина од 4,3 метри, Spaceback е 18 сантиметри покус од лимузината, но ја задржува просторната кабина по која што е познат Rapid. Скусувањето повеќе се покажува во големината на багажникот, кој место 550 има 415 литри, но и тоа е далеку од просекот во класата.

Купувачите во Западна Европа повеќе ја ценат комбилимузинската форма во класата на Golf
Купувачите во Западна Европа повеќе ја ценат комбилимузинската форма во класата на Golf

Дизајнот е препознатлив за чешката марка. Spaceback веројатно нема да освојува награди за убавина, но затоа ќе биде ценет за практичноста, која што е еден од главните аргументи за купување кај клиентелата. Триковите од лимузинскиот Rapid се задржани и во Spaceback. Во капакот на резервоарот се наоѓа гребач за мраз, безбедносниот елек е сместен под возачкото седиште. Во вратите се изведени малечки прегради за отпад, подот на багажникот има две страни, во средишната конзола е изработена сигурна преграда за мобилниот телефон да не се превртува при возењето. Тоа се детали што не чинат многу, но оставаат добар впечаток.

Иако со 415 литри е далеку од 550-те литри на класичниот Rapid, багажникот нуди повеќе од просекот во класата
Иако со 415 литри е далеку од 550-те литри на класичниот Rapid, багажникот нуди повеќе од просекот во класата

Со цена од 292.900 круни на чешкиот пазар, односно 11.324 евра, Spaceback чини исто колку лимузинскиот Rapid, и тоа е 2.360 евра под цената на најевтиниот Golf. Тоа што може да се очекува за оваа цена по искуството со Rapid е прегледен ентериер со едноставни материјали и примерна изработка, но и добра механичка основа. За разлика од германскиот компакт, Rapid Spaceback не ја користи модуларната платформа, туку се потпира на механиката на Polo и Fabia, со неколку компоненти од претходната генерација на Golf. Назад работи торзиска оска и сопираат барабани, но тоа сигурно нема да ги одврати купувачите.

130903 SKODA PRODUCT RANGE - 12 cars
Со вклучувањето на Rapid Spaceback, Skoda има седум моделски гами и дванаесет каросериски варијации во својата понуда

Изборот на погонски единици е идентичен со стандардниот Rapid и се состои од четири бензинци и два дизела, со дијапазон на моќност од 75 до 122 КС. Skoda не ги наведува очекувањата за продажбата на Rapid Spaceback. Моделот треба првенствено да привлече нови клиенти, кои ја познаваат и ја ценат марката, но досега не можеа да ја добијат посакуваната комбилимузина во понудата на Чесите. Концернот Volkswagen ќе биде задоволен во секој случај. Вака купувачите што бараат поевтина понуда барем ќе останат во сопствениот концерн место да бараат модел кај конкуренцијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa Romeo 4C вози за 53.000 евра

Mercedes C-Class: Малиот брат на класата S доаѓа в година