за

Mercedes C-Class: Малиот брат на класата S доаѓа в година

1. MERCEDES C CLASS, продадени примероци 85,590 (+50.3%)

Швабите работат под полна пареа за следната година да ја пуштат на пазарот новата генерација на моделот од средната класа. Со изгледот и со техниката, тој ќе биде мини класа S.

Следната генерација на класата C на Mercedes со изгледот и со техниката ќе се раководи според знаменосецот, класата S. Меѓуоскиното растојание ќе се зголеми заради поголема просторна понуда во кабината, а соодветно на тоа и страничната силуета на каросеријата ќе добие поелегантна линија. Од поголемиот брат од две класи погоре, класата C ќе ги преземе мултимедиските системи со голем екран и ракувањето со поле што реагира на допир.

Конструкцијата на моторите е идентична со оние во класата S. За моделот од средната класа ќе се користат четирицилиндарци со работна зафатнина меѓу 1,6 и 2,0 литри, односно шестцилндарци, кои во иднина ќе имаат линиска конструкција, место актуелната во V. Се најавува и бензинец со осумцилиндарски мотор со зафатнина од четири литри. Секако дека ниту еден нов модел не може да остане без хибриден погон. Mercedes ќе го нуди погонот со две срца, од благ хибрид, со електромотор за повремена поддршка на моторот, до полн хибрид, со можност за надворешно полнење на батериите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Rapid Spaceback: Помошникот на Golf

3000 КС за нов рекорд за електрични автомобили