Skoda Octavia III стана милионерски автомобил

Skoda произведе еден милион примероци од третата генерација на Octavia. Почнувајќи од првата генерација од 1996 година, досега се продадени над 5 милиони примероци од моделот што ја одбележа трансформацијата на чешката марка.

Superb е знаменосецот на Skoda и најголемото парче автомобил (засега) што може да се добие со индијанецот во логото, но во поглед на значењето, ниту тој не може да се мери со тоа што Octavia го има постигнато за чешката марка. Octavia е „новата“ Skoda, моделот со когошто започна целата приказна. Во меѓувреме, од третата генерација на Octavia се произведе и милионитиот примерок, со што вкупната продукција на моделот, почнувајќи од првата генерација од 1996 година, достигнува пет милиони примероци.

Големата разновидност во моделската понуда е тоа што дополнително придонесува за успехот на Octavia: Лимузина и комби, верзија со погон на сите тркала, спортска изведба RS, верзија со погон на метан G-Tec и уште Skoda Octavia Scout, како кросовер-комби со дизајнерски примеси и функционални таленти на теренски автомобил. На тоа доаѓа уште луксузната изведба Octavia L&K, со иницијалите на основачите Лорин и Клемент.

Актуелната генерација на Octavia беше претставена во 2013 година. Продукцијата на моделот се одвива главно во матичната фабрика во Млада Болеслав. Octavia се произведува и во Кина, Русија, Индија и Казахстан. Најголем единечен пазар и за марката и за моделот е Кина, каде што Octavia се продава од мај 2014, а производството е локално, во фабриката SAIC Volkswagen.

Лани се продадоа 432.300 примероци од целото моделско семејство на Octavia, односно 11 проценти повеќе отколку во 2014 година. Во првите два месеца од годинава, продажбата достигна 70.500 примероци.

Претходна објаваМишел Родригез се увери колку Jaguar F-Type SVR е „Брз и бесен“
Следна објаваМаратонски тест на водородната Toyota Mirai: 107 денови по 16 часа на ден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here