за

Маратонски тест на водородната Toyota Mirai: 107 денови по 16 часа на ден

Toyota ја докажува издржливоста и практичноста на погонот на водород и ја пушти Mirai да извози 100.000 километри во маратонско темпо. Сосема очекувано за јапонската марка, дефект не се случи.

Авангардниот автомобил со погон на водород на Toyota успешно го совлада маратонскиот тест на 100.000 километри по патиштата низ Европа. Тестирањето започна на 21-ви септември лани и заврши на 10-ти февруари годинава. Во сите изминати 107 денови, Toyota Mirai дневно се возеше по 16 часови. За време на тестот на 100 илјади километри, резервоарот се полнеше близу 400 пати, беа потрошени околу 1.000 литри водород како погонско гориво, двапати се менуваа гумите и еднаш беа заменети плочките предните сопирачки. Механички дефекти не беа регистрирани.

Осум возачи се менуваа во две полни смени, шест денови во неделата

За спроведување на маратонскиот тест беше задолжена фирмата KJ Tech Services GmbH од Хамбург, којашто ангажираше тим од осум возачи, да возат по две смени на ден, шест денови во неделата, по рута составена од градско возење, возење по споредни патишта и по германскиот „аутобан“.

За време на тестот на 100 илјади километри, резервоарот се полнеше близу 400 пати, беа потрошени околу 1.000 литри водород како погонско гориво, Полнењето трае само три минути
За време на тестот на 100 илјади километри, резервоарот се полнеше близу 400 пати, беа потрошени околу 1.000 литри водород како погонско гориво, Полнењето трае само три минути

Најтешкиот дел од тестирањето беше еднонеделниот период кога температурата во регионот на германскиот град се најде на 20 степени под нулата. Ниските температури во принцип се „непријател“ на погонот на водород, но тука се докажа конструкцијата на Toyota Mirai, којашто немаше никакви проблеми со стартувањето. Секако дека и фактот што 100.000 километри беа совладани без каков било дефект, говори за зрелоста на водородниот погон.

Осумчлениот возачки тим имаше задача да ги оцени и квалитетите на возилото. Возачите го пофалија комфорот во кабината и просторноста во истата, но дадоа позитивни оцени и за возните својства, управливоста и прецизноста на управувањето. Пресудната оцена ја даде моќното и моментно повлекување при престигнување или при поаѓање од семафор.

Како „издув“ од Toyota Mirai може да излезе само чиста вода, без грам штетни материи
Како „издув“ од Toyota Mirai може да излезе само чиста вода, без грам штетни материи

Меѓу целите на тестирањето беше и докажување на безопасното и едноставно полнење на резервоарот со водород, што возачите го правеа самостојно и без асистенција од стручен персонал. Во основа, полнењето со водород е исто како кај обичните погонски горива, при што треба да се внимава само на неколку правила, кои на возачите им беа објаснети преку куса обука. Токму краткотрајното и едноставно полнење на резервоарот беше оценето како најголема предност на водородната Toyota наспроти обичните електрични возила со батерии. Место батериите на возилото да се полнат преку ноќ и со часови, кај Mirai оваа постапка трае само околу три минути. „Единствениот“ проблем и натаму е во тоа што можноста да се најде станица за точење водород во близина е далеку помала од можноста да се најде приклучок за струја.

Стоте илјади километри без извозени по улиците и во регионот на Хамбург, а задолжително и по „аутобанот“
Стоте илјади километри без извозени по улиците и во регионот на Хамбург, а задолжително и по „аутобанот“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Octavia III стана милионерски автомобил

Opel ќе објавува реални вредности на потрошувачката