Во историјата на марката чијшто корени датираат од пред 125 години, секогаш има останато поглавја што се непознати и моменти што побудуваат убави сеќавања. Посебно одушевува присуството на Skoda и на нејзината претходничка Laurin & Klement по сите страни на светот, во најразлични историски периоди. Локациите на сите фабрики и на голем дел од подружниците во глобалната мрежа на денешната Skoda, имаат историска врска со компанијата. Тоа важи и за Париз и за Нанџинг, за настани во минатиот век, но и еден век пред тоа.
Млада Болеслав, Чешка
Млада Болеслав е седиште на управата на компанијата и главна фабрика. Лани оттаму излегоа 590.000 автомобили, од кои најмногу беа од бестселерот Octavia, близу 260.000 примероци. Тука се произведуваат и Fabia, Scala, Kamiq и Karoq. Во домот на Skoda се произведоа и 570.000 мотори и исто толку менувачи, четири илјади батерии и 2.312.000 оски.
Квасини, Чешка
https://photos.app.goo.gl/qA8aDQ9yF7ShLFkE7
Автомобилската традиција во овој град во Источна Бохемија влече корени од 1934 година, кога пронаоѓачот Франтишек Јанечек отворил каросериска работилница. Компанијата почнала да произведува евтини автомобили, покрај оружја и мотоцикли Jawa. Поглавјето на Skoda почнува 13 години подоцна, кога искусните мајстори добиваат ангажман да работат на знаменосецот Superb. Традицијата продолжува до денес, актуелниот Superb исто така се произведува во Квасини, заедно со Kodiaq и Karoq.
Врхлаби, Чешка
https://photos.app.goo.gl/E3YWFA8gAPXY9cFk8
Историјата на производство на возила тука датира дури од 1864 година, од основањето на фирмата на „Петера и синовите“, специјализирана за запрежни коли и седла. Автомобилски каросерии почнуваат да се произведуваат во 1908 година, за Skoda, Tatra и Walter. По втората светска војна, фирмата е национализирана и станува дел од Skoda. Од 2012 година, фабриката е посветена во производството на менувачи со двојна спојка, од кои лани беа изработени околу 556.000 примероци.
Прага, Чешка
https://photos.app.goo.gl/p7kkXqY8F3N5cvuJ7
Во чешката престолнина се произведуваа првите мотоцикли на Laurin & Klement (1899), исто како и првиот големосериски автомобил на марката, Voiturette A во 1905 година. Прага е воедно и локација на едно од дизајнерските студија на Skoda, сместено во прочуениот Масарик. Во градот се наоѓа и главната дигитална лабораторија (ги има уште во Тел Авив, Индија и Кина). Уште едно поглавје поврзано со градот е сервисот за изнајмување електрични скутери BeRider.
Братислава, Словачка

Автомобилската фабрика е отворена во 1971 година, позната како BAZ (кусо од “Bratislava Automobile Works, State Firm”). Од 1982 до 1984 година, тука се произведуваше купето Skoda Garde, а во 1987 година следеше и Rapid. Volkswagen станува сопственик во 1991 година. Покрај модели на VW, во Словачка се произведувани и неколку модели на Skoda: Првата Octavia, а потоа и Citigo, кој моментно се произведува само во електричната изведба.
Пуна, Индија
https://photos.app.goo.gl/p6vcMB5KaXV3jwr39
Со повеќе од пет милиони жители, Пуна е осми најголем град во Индија. Тука се произведуваат Skoda Rapid (во втората фабрика во Индија, во Аурангабад, се произведуваат Octavia, Kodiaq и Superb), тука е сместен и софтверскиот центар, како и локалниот огранок на ŠKODA AUTO DigiLab. Чешката марка раководи со настапот на целиот концерн VW на индискиот пазар и со планираната моделска офанзива, со модели посебно развиени за големиот локален пазар.
Нижниј Новгород и Калуга, Русија
https://photos.app.goo.gl/H84CWLgqrURW5T7k7
Skoda е присутна во најголемата земја во светот подолго од 100 години. Една третина од продукцијата на Laurin & Klement се испорачувала за царска Русија, каде особено била ценета издржливоста на возилата од марката. Во Калуга се произведува Rapid, додека Нижниј Новгород ги произведува Octavioa, Kodiaq и Karoq.
Нанџинг, Кина
https://photos.app.goo.gl/hMqnNxm5guwD8K878
Skoda е особено популарна во Кина, која десет години наназад е најголем пазар за марката. Извозот за земјата почнува уште во 1930-те години, со Skoda Popular со еднолитарски мотор. Во земјата моментно се произведува во Најџинг (KAMIQ, KAMIQ GT, SUPERB), Нингбо (OCTAVIA, KAROQ), Чангша (KODIAQ, KODIAQ GT) и Јиченг (RAPID).
Монте Карло, Монако
https://photos.app.goo.gl/PyNjNVUpdj8zcsSL6
Гламурозното Монако, чијшто владетели од фамилијата Грималди се пасионирани љубители на автомобилизмот, освен по трката во формула 1, во светот на мотоспортот се цени и по релито Монте Карло. Во јануари 1912 година, во втората година на релито, чешкиот аристократ Саша Коловрат-Краковски учествувал со Laurin & Klement. Во 1930-те години, мошне успешни се моделите Popular и Rapid. Три децении подоцна, Octavia победува во својата класа три години по ред. Меѓу триумфите секако се вбројува и тој на Skoda 130 RS во 1977 година.
Отахуху, Нов Зеланд
https://photos.app.goo.gl/BDhq1hCKWCBr4wzt7
Во 1960-те години, конструкторот Јозеф Велебни имал важна улога во развојот и производството на првиот новозеландски автомобил. Trekka (1966-1972), модел базиран врз OCTAVIA SUPER важи како претходник на денешните СУВ-модели на Skoda. Овој автомобил подоцна се извезува за Фиџи и за Океанија, а погони за монтажа се отвораат и во Пакистан и Австралија.
Тел Авив, Израел
https://photos.app.goo.gl/2Ruo5C2U1q9NyAQy9
Чешките автомобили се популарни во Израел од почетокот на 1990-те години. Во 2011 година, Израел постигна рекорд со пазарен удел од дури 54,2 проценти. Skoda моментно е најпродавана европска марка и четврта најпродавана марка во земјата. Scala имаше премиера токму во Тел Авив. Пред две години, во Израел беше основана компанија којашто е специјализирана за сите активности на Skoda во дигиталната сфера. Голем број иновации и нови услуги пристигаат оттаму.
Париз, Франција
https://photos.app.goo.gl/1xonSATPfT3GxYhu9
Во почетокот на минатиот век, Франција беше најголем производител на автомобили во светот. Многу идеи за бизнис се раѓаа во Париз. Така беше и со Вацлав Клемент, соосновачот на компанијата од Млада Болеслав, кој се вратилл од Париз со “motocyclette”, прозивод на браќата Вернер. Овој мотоцикл послужил како инспирација за Вацлав Лорин да дизајнира иновативен погонски систем за мотоцикли. Во модените времиња, во Париз се одржа премиерата на првата Octavia од поновата историја на марката. Во 2004 година, Skoda стана официјален партнер на Тур де Франс.
















