Skoda 1000 MB слави педесет години

Најпознатиот модел на Skoda од периодот пред преземањето од Volkswagen прославува половина век постоење. Моделот 1000 MB тогаш се појави како наследник на Octavia.

На 21-ви март пред половина век чешката марка го претстави новиот 1000 MB, со последните две букви како знак за Млада Болеслава. Како прв модел на Skoda со заден погон, мотор назад и самоносечка каросерија, 1000 MB е камен темелник во 119-годишната историја на производителот од Чешка.

Просторната лимузина во своето време беше едно од најдобрите возила во класата со мотори со зафатнина до еден литар и постави нови стандарди во поглед на комфорот, моќноста и техниката. Денес моделот се вбројува меѓу најбараните класични модели на чешката марка. Специјални примероци од 1000 MB и од моделот со две врати 1000 MBX, вклучувајќи го и необичниот прототип со комби каросерија денес се наоѓаат во новиот музеј на Skoda во Млада Болеслава.

Во периодот од април 1964 до август 1969 се произведоа 443.000 примероци од Skoda 1000 MB, од кои половината отидоа за извоз, вклучувајќи ги и најдалечните пазари како Нов Зеланд и Австралија.

Skoda беше прв европски производител на автомобили што користеше алуминиумска легура за блокот на моторот. Куќиштето на менувачот исто така беше изработено од лесен метал. Четирицилиндарскиот OHV мотор поставен зад задната оска постигнуваше 37 КС и благодарение на ниската тежина на возилото од 755 килограми трошење меѓу 7 и 8 литри гориво на сто километри. Крајната брзина изнесуваше 120 километри на час. Во 1966 година 1000 MB доби посилен мотор со 43 КС.

Пред стартот на сериското производство, 50 тест возила беа пуштени на маратон, поминувајќи вкупно 1,6 милион километри во 1962 година. Се тестираше на поларни темпеартури во Русија, како и на висока температура и правлива средина по кавказките планини.

Со компактни димензии (должина 4,17 метри, ширина 1,62 и висина 1,39 метар) Skoda 1000 MB нудеше доволно простор за целото семејство. Купувачите беа одушевени и од можноста за соборување на седиштата. Багажникот од 220 литри се наоѓаше под предната хауба, заедно со простор за резервното тркало.

Претходна објаваVolkswagen за 7.500 евра – но, не за Европа
Следна објаваRenault Twingo сака да биде најмалку број 2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here