за

Renault Twingo сака да биде најмалку број 2

Малечките автомобили се во голем подем. Наскоро стартува продажбата на Twingo и на триото 108-Aygo-C1. Во острата битка Renault очекува најмалку второ место во продажбата во сегментот.

Во интервју за индустрискиот информатор „Аутомотив Њуз“, првиот човек на Renault во Европа, Штефан Милер, изјави дека очекува новиот Twingo да се искачи најмалку до второто место во продажбата во сегментот, за што ќе биде потребно најмалку двојно повисока продажба отколку во претходната генерација на моделот.

Французите имаат план да ја потиснат Fiat Panda од второто место, која што во минатата година се продаде во 152.404 примероци на европскиот пазар. Fiat воедно го има и најпродаваниот модел во сегментот, Fiat 500 со 160.015 примероци лани. Третото место во 2013 година му припадна на Volkswagen Up со 129.754 примероци, по што следува голема празнина до актуелните Twingo (77.714), Toyota Aygo (63.770), Hyundai i10 (61.425), Citroen C1 (56.786), Peugeot 107 (55.242), Kia Picanto и Ford Ka (обата модела со по 50.213 примероци).

За пореална слика за соодносот на силите во сегментот мора да се има во предвид дека моделите на Toyota, Peugeot и Citroen се идентични и дека нивните продажни бројки треба да се водат како за еден модел. Во тој случај јапонско-француското трио со фабрика во Чешка лани има продадено дури 175.798 мини возила. Истото важи и за Volkswagen Up, Seat Mii и Skoda Citigo.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda 1000 MB слави педесет години

Автомобилите побелеа по примерот на iPhone