за

Skoda со преку еден милион испорачани автомобили во 2014

Чешката ќерка на Volkswagen во оваа година за прв пат ќе испорача преку еден милион автомобили. Најсилниот импулс за продажбата доаѓа од кинескиот пазар.

На Skoda ѝ претстои рекордна година. Чешката марка во периодот од јануари до ноември испорача 955.300 возила на глобално ниво, што е 34.500 возила повеќе отколку во целата ланска година и 16.100 возила повеќе од досегашната рекордна година 2012. Само во ноември марката испорача 90.200 воизла, односно 10,1 проценти повеќе од ланскиот ноември. Најголем пораст има во Кина, каде што се продадоа за +46,9 проценти повеќе возила.

За прв пат во историјата Skoda ќе продаде преку еден милион возила

Успехот доаѓа од успешната моделска офанзива, којашто привлекува голем број купувачи од конкурентските марки. Од средината на ноември се продава и новата Fabia, а рано во 2015 година следува и комби изведбата. Несомнено е дека новиот модел ќе придонесе за уште поголем раст на Skoda.

Во ноември, најголеми пазари за Skoda во Западна Европа беа Германија (12.100 возила) и Велика Британија (5.600), а двоцифрен пораст е постигнат во Италија (+30,4%) и Португалија (+37,5%). Најголемиот пазар за Skoda на глобално ниво е Кина, каде што во ноември се продадоа 26.800 возила, односно дури 46,9% повеќе отколку во ланскиот ноември. Рекордна продажба е постигната и во Турција, со 1.800 возила во минатиот месец.

Ноемвриската продажба на моделите на Skoda
SKODA Octavia (36.400 возила; +18,2 %)
SKODA Fabia (12.600; -13,0 %)
SKODA Superb (7.300; +3,0 %)
SKODA Yeti (8.700; -1,3 %)
SKODA Roomster (2.700; -6,5 %)
SKODA Rapid (19.000; +30,5 %)
SKODA Citigo (продажба само во Европа: 3.400; +4,8 %)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC90: Хибриден погон место осумцилиндарец

Mercedes декласиран: Volvo го има најсилниот дволитарец